Охридска банка Сосиете Женерал воведува најнова услуга – мобилно банкарство Моја Банка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Охридска банка Сосиете Женерал ја воведува најновата услуга во своето портфолио, Моја Банка – Мобилно банкарство.

Од Охридска банка Сосиете Женерал велат дека Моја Банка е напредна, високо безбедна и интерактивна апликација достапна на македонски, албански и англиски јазик што може да се инсталира и користи преку мобилен телефон и таблет. Преку апликацијата Моја Банка, клиентите добиваат можност на брз, едноставен и безбеден начин во секое време да ја следат состојбата на сите свои сметки во Банката, на своите картчки, кредити и депозити и да прават трансакции.

Исто така, клиентите ја добиваат можноста да вршат плаќања на сите режиски трошоци, да извршуваат интерни плаќања и плаќања на други сметки, конверзија од една во друга валута, преглед на курсна листа, да прават информативни пресметки за кредити и депозити, да ги лоцираат експозитурите и банкоматите и да добијат контакт информации на Банката.

За да ја користат услугата Моја Банка, сите постоечки и нови клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал треба да ја симнат апликацијата достапна преку Google Play Store за Android (верзија од 4.2 па натаму) или Apple App Store (верзија 6.0 па натаму) и да потпишат договор во најблиската експозитура на банката.

“Имаме слух за клиентите кои пред се ја вреднуваат безбедноста и олеснувањето на нивниот пристап до банкарските услуги од секаде. Исто така имаме големо разбирање за брзиот и динамичен начин на живот на нашите клиенти и затоа креирањето на Моја Банка е нашиот придонес за нашите корисници за поедноставно и безбедно секојдневно работење со банкарските сметки што ќе им заштеди време и ќе им овозможи извршување на повеќе банкарски операции и тоа во било кое време и место, користејќи ги нивните мобилни уреди. Охридска банка Сосиете Женерал се грижи за секој свој клиент независно дали клиентот се наоѓа во експозитура или пристапува преку мобилен уред со што ја потврдуваме определеноста за одржување и унапредување на квалитетот на услугите обезбедувајќи беспрекорна грижа за нашите корисници”, изјави Стефан Туати, член на Управен одбор, директор на продажба на население, маркетинг и комуникации.

Со оваа услуга, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш ја докажува својата посветеност кон креирање и воведување иновативни услуги за своите клиенти кои ќе им овозможат едноставни, брзи и безбедни банкарски решенија, велат од банката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×