ОЈО со истражни дејствија за „Рекет“, во тек се финансиска истрага и вештачења
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“.
ојоВо тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.
„Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини“, соопштија од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката, се подлекува, нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.
Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамки на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.
Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството уште еднаш укажува дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×