Околу 100 компании се преселиле од Велика Британија во Холандија поради Брегзит
Објавено на од во Економија
Околу 100 компании се преселиле од Велика Британија во Холандија или отвориле канцеларии таму за да останат во Европската Унија откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, објави холандската владина агенција  за странски инвестиции.
chained-cokc-1250x714Други 325 компании се загрижени дека ќе го загубат пристапот до европскиот пазар и размислуваат да се преместат, соопшти холандската Агенција.
Зголемената неизвесност во Велика Британија и сè поголемата јасна можност Брегит бе договор предизвикуваат големи економски грижи за овие компании, изјави Jерон Нејланд од агенцијата  за странски инвестиции.
„Поради оваа причина, сè повеќе компании се свртуваат кон Холандија како потенцијална нова база на европскиот пазар“, додаде тој.
Компаниите што си заминуваат работат во секторите финансии, информатичка технологија, медиуми, маркетинг, природни науки и здравствена заштита, соопшти агенцијата.
Холандија се натпреварува со Германија, Франција, Белгија и Ирска за привлекување компании што ја напуштаат Велика Британија.
Премиерот Борис Џонсон, кој ја презеде функцијата минатиот месец, вети дека ќе ја повлече Велика Британија од ЕУ на крајот на октомври, со или без договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×