Околу 150 саудијски принцови можно е да се позитивни на Ковид-19
Објавено на од во Политика
 Многумина од илјадниците членови на   кралското семејство се верува дека го донеле вирусот од странство, откако патувале во Европа.
Saudijci
Дури 150 членови на кралското семејство на Саудиска Арабија можно е да се заразени со коронавирусот, изјавила личност блиска до семејството за Њујорк Тајмс.

Принцот Фејсал бин Бандар бин Абдулазиз ал Сауд, гувернер на Ријад и внук на кралот Салман, потврдено е дека бил позитивен на тестот направен од двајца доктори, според изворот. Тој е веќе на интензивна нега, а уште неколку негови роднини се разболени. Многумина од илјадниците принцови од  кралското семејство се верува дека го донеле вирусот од странство, откако патувале во Европа, пренесува њујоршкиот весник, цитирајќи доктори и луѓе блиски до кралското семејство. Кралското семејство се проценува дека има околу 15.000 членови.

Принцот престолонаследник Мохамед бин Салман и многумина од неговите министри се во изолација на брегот на Црвеното море, додека 84 – годишниот крал Салман е исто така во изолација близу до градот Џеда.
Тајмс тври дека виделе имејл пратен до главните луѓе на болницата “Крал Фејсал“ во Ријад каде што се лекуваат членовите на кралското семејство, во којшто се даваат инструкции да се тргнат сите пациенти со хронична болест и да се прифаќаат само многу итни случаи. Болницата наводно спремала 500 кревети специјално подготвени да ги пречекаат останатите членови на кралското семејство што ќе бидат инфицирани.
Саудиска Арабија презеде бројни превентивни мерки со цел да го спречи ширењето на заразата, дури и пред официјално да биде соопштен првиот случај на заразен со коронавирус, на 2 март. Забрането беше патувањето на аџиите во Мека и Медина, двете најсвети места за исламот коишто привлекуваат милиони аџии годишно, а земјата буквално ги затвори своите најголеми градови во 24 дневен карантин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×