Околу 90% од производите на Apple на Amazon се фалсификати
Објавено на од во hi-tech & business

Преку сопствено истражување, Apple утврдил дека 90% од производите што на Amazon се продаваат како производи на Apple, всушност се фалсификати.

По ова компанијата од Купертино презела и некои правни чекори, како судската тужба до суд во Калифорнија против поранешниот продавач на Amazon, компанијата Mobile Star LLC.

Станува збор за компанија што неодамна доби и официјална забрана за продажба и од самиот Amazon, бидејќи таму нудела лажни полначи и кабли за iPhone уреди, претставувајќи им ги на купувачите како автентични.

Apple на суд бара обесштетување од максимални 2 милиони долари по вид од фалсификуваните производи, и 150 долари за секој поединечен случај на кршење на авторските права.

Во рамките на истражувањето што траело изминативе девет месеци, Apple на Amazon во улога на купувач набавил над сто iPhone уреди, полначи и кабли, при што е утврден горе наведениот податок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×