„Околу нас само кодоши, платеници, комуњари…“, претседателот на САНУ со токсична дијагноза за Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Србија е општествено поделена на многу начини, каде нетолеранцијата и агресијата би можеле да се развијат во взаемна пресметка, вели Владимир Костиќ, претседател на Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

03-kostic2-1305-2016

“Србија живее во паралелни светови кои не се допираат, не се  познаваат и што е најлошо не комуницират”. Нетолеранцијата и агресијата, ако  вентилот на социјална комуникација набрзо не се воспостави, може да се претворат во меѓусебна пресметка “, напиша Костиќ во неговиот авторски текст во најновиот број NIN.

Наведува  и  дека делумно, благодарение на поделбите, Србија станала стационарно општество, без многу идеи во врска со иднината, но со многу агресивност меѓу поединци и различни социјални групи.

“Ние и тие, нашата и нивната, првата и втората Србија – се само предавници, платеници, националистички криминалци, соросовци, шпиуни, клерофашисти, продадени души, комуњари …”, вели претседателот на САНУ.

Тој проценува дека кон поделбите во општеството придонесува и таблоидизацијата на медиумите во земјата, кои создаваат гротескни тврдења, полувистини и лаги, бесрамни осуди со исцртување мети на грбовите на поединци…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×