Околу што се сложија САД и Кина за трговијата?
Објавено на од во Профил

3-_trump_513_lead WEBГигантите ја решаваат светската трговија

Главната цел на претстојните стодневни преговори ќе биде како да се намали трговскиот дефицит на САД во однос на Кина, што во моментов е со вредност од 347 милијарди долари. А што и да се случи за време на преговорите меѓу САД и Кина, Европа треба да биде „на штрек“ и единствена, сметаат експертите за меѓународни трговски односи

 

Стодневен план за дејствување што треба да го подобри трговското салдо меѓу Кина и САД – ова беше главниот резултат од дводневната средба меѓу лидерите на двете држави, Доналд Трамп и Си Ѓинпинг, од крајот на минатата недела.

Директни добитници од оваа зделка ќе бидат американските финансиски компании и производителите на телешко месо.

Индиректна корист има за целата глобална економија – потенцијално разорната трговска војна меѓу првата и втората најголеми светски економии е избегната или барем одложена за сто дена. Но, во несигурната атмосфера создадена од тензиите САД – Кина, Европската унија не треба да останува пасивна, а треба да ги засили своите врски со Пекинг, за да создадат заедничка тампон-зона против протекционизмот на САД, сметаат европски експерти за меѓународни трговски односи.

Што ќе прават САД и Кина во следните 100 дена?

Сѐ уште недостасуваат детали во однос на конкретните елементи од претстојните стодневни преговори меѓу Пекинг и Вашингтон, но според учесници на првата средба на највисоко ниво, цитирани од Financial Times, главната цел на преговорите ќе биде како да се намали трговскиот дефицит во стоки на САД во однос на Кина, што во моментов е со вредност од 347 милијарди долари. Ова треба да вклучува отстапки од страна на Пекинг во неколку сектори – од земјоделскиот до финансискиот.

Американскиот министер за финансии, Стивен Мнухин, и трговскиот секретар Вилбер Рос, минатиот петок пред новинари искоментираа дека нивните кинески колеги се сложиле двете страни да се стремат кон поизбалансирани трговски односи. Според двајцата, главен фактор за тоа се стравувањата на Кинезите за опасниот финансиски дисбаланс на втората најголема економија. Кина одржува високо ниво на заштеди (приватни и државни), кои од своја страна финансираат спорни инвестиции, како тие во имоти, на пример. Со години кинески и светски експерти предупредуваат за потенцијален „имотен меур“, што ѝ се заканува на кинеската економија.

Donald Trump,Xi Jinping,Melania Trump,Peng LiyuanОтстапките на Кина

Ако зделката меѓу двете држави помине, кинеските власти ќе направат отстапки во однос на финансискиот сектор на САД. Во моментов странските инвеститори во државата не можат да поседуваат контролен пакет акции во кинеските осигурителни компании и во такви што се занимаваат со управување на хартии од вредност. Според Financial Times, Кина покажала подготвеност да ја укине и забраната за увоз на телешко месо од САД, наложена во 2003 година, поради стравувања од зараза со болеста „луда крава“ меѓу американските животни.

Главниот ризик за пропаѓање на преговорите е претстојното објавување на шестмесечниот валутен извештај на американското Министерство за финансии, што може да му даде на Трамп „картбланш“ да ја обвини Кина за валутна манипулација и да воведе царини за увозот на стоки од Кина. Американскиот претседател не еднаш го обвинил Пекинг за „најголемата кражба во историјата“ поради наводното вештачко обезвреднување на кинеската валута, и се заканувал дека може да воведе 45% царина на увозот од Кина. Но, веројатно откако беше оценета како успешна билатералната средба, американската администрација нема да брза со слични дејства.

Какви ќе бидат последиците за Европа?

Што и да се случи за време на преговорите меѓу САД и Кина, Европа треба да биде подготвена, „на штрек“, и да биде единствена, сметаат експертите за меѓународни односи меѓу Кина и ЕУ.

„Додека државите на ЕУ се обединети, тие ќе можат да го балансираат трговскиот дневен ред на Кина и на САД“, смета експертот за Кина од Европскиот совет за меѓународни односи, професор Франсоа Годмон.

„Историски гледано, Кина прво се занимава со најсилниот противник. Ми се чини дека Кина си разменува убави приказни со ЕУ, за во случај да дојде до судир меѓу Пекинг и Вашингтон во однос на трговијата. Но, ЕУ не треба да се залажува дека Кина би направила отстапки за ЕУ што не би им ги направила и на САД. Во моментот кога ќе се постигне зделка меѓу САД и Кина, ЕУ ќе остане на второ место за Пекинг. И тие ќе се обидат да ја ослабат и разделат Европа за да постигнат отстапки во билатералните договори со државите членки“, вели Годмон.

Според експертот, пак, за меѓународни трговски односи од Центарот за европски политички истражувања од Брисел, Жак Пелкман, потенцијалот за создавање слободна трговска зона меѓу Кина и ЕУ станува поголем откако Трамп е на власт, но топката е сега кај Пекинг.

„Кина има прекрасен нацрт на пазарно ориентирана реформа, но тој останува само на хартија. Секоја година Пекинг објавува книга со триста страници реформи. Ако само дел од нив се спроведат, тоа ќе отстрани огромни бариери пред склучувањето на трговски договор меѓу ЕУ и Кина“, вели Пелкман.

Тој смета дека не ЕУ, а Кина треба многу да работи за да се изгради слободна за трговија зона меѓу двете држави. Според него ЕУ е не само отворена, туку и пазарна економија, за разлика од онаа на Кина. Потенцира дека има многу сектори во кои Кина наложува рестриктивни мерки, особено кај услугите.

Пелкман смета дека за ЕУ би било најдобро во контекстот да го игнорира Трамп, зашто е доволно голема за да може да си го дозволи тоа.

„ЕУ не го нервира Трамп, зашто нема голем трговски дисбаланс. Не „краде„ работни места од САД. Унијата треба да се фокусира на Кина и на источноазијците во целина, а да го остави Трамп да прави како што ќе одлучи“, вели Пелкман.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×