Оксфорд: БДП на Кина ќе паѓа, и ќе повлече 40 други економии
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Дури 40 државни економии значајно ќе го почуствуваат падот на кинескиот БДП доколку не успеат реформите на официјален Пекинг, што подразбираат премин од инвестициски раст, на раст базиран на иновации. Ова е прогноза на тим економисти од Оксфорд, кои сметаат дека на Кина ѝ претстои период на забавен раст – во наредните две години ќе расте побавно за 4,8 процентни поени. Комунистичката партија на Кина почна програма за реформи со цел економијата зависна од индустријата силно да се преориентира на извоз и на иновации, со што во Пекинг очекуваат дека растот на БДП ќе се задржи на сегашните нивоа.

„Падот на кинеската економија би имал далекусежно влијание на глобалната економија, особено на растечките пазари, иако ниту напредните економии не би останале имуни“, вели Џејми Томпсон, првиот човек на Одделот за макроекономски предвидувања на Оксфорд. Се превидува дека најголеми последици ќе има руската економија, со забавување на растот за 4,2 процентни поени во наредните две години, Чиле, каде забавувањето би било 3,8 процентни поени, Јужна Кореја (3,3), Јапонија (2,6), исто како и Австралија и Саудиска Арабија. Економистите на Оксфорд прогнозираат дека од регионов погодени ќе бидат Хрватска, со БДП пониско за 1,2 процентни поени, а истото забавување ќе го има и Грција, ако не успеат реформите на Кина. Кај Турција падот би бил 1,7 пп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×