ОКТА додели стипендии на десет постдипломци на УКИМ
Објавено на од во Компании

OKTA gi dodeli stipendiite na desette studenti (1)Компанијата ОКТА им ги додели стипендиите на десетте студенти од УКИМ за постдипломски студии, на вчерашната церемонија организирана по повод 39тата годишнина на компанијата. Стипендирањето на вториот циклус студии е дел од општествено одговорната практика на компанијата, како и заложбата за континуирано вложување во образование и надградување на интелектуалниот развој.

Со меморандумот за соработка, потпишан неодамна меѓу компанијата и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, беа дефинирани поединостите со кои стипендиите се доделуваа за студенти од пет факултети од УКИМ. Така, стипендиите беа доделени на студенти на Економски факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Технолошко металуршки факултет, како и на студенти од Природно математичкиот факултет.

Стипендиите беа доделени на оние студенти кои покрај исполнувањето на примарните услови наведени во конкурсот за втор циклус студии, уште и се истакнале со своето знаење и вештини, во согласност со Факултетот на кој се пријавени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×