Олеснети кредитните услови и за домаќинствата и за претпријатијата, покажува анкетата на НБ
Објавено на од во Економија
Натамошно олеснување на кредитните услови и за претпријатијата и за домаќинствата, покажува анектата за кредитна активност спроведена во вториот квартал од оваа година.
кредитАнкетата што ја објави Народната банка, покажува дека има зголемување на побарувачката и на корпоративни кредити и на кредитите на домаќинствата.
Според анкетата,  во третиот квартал се очекува натамошно олеснување на кредитните услови и раст на побарувачката на кредити.
-Во второто тримесечјена 2019 година се забележува натамошно нето-олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити. Сепак, слично како и во претходната анкета, поголем дел од банките (81,9 отсто) укажуваат на непроменети услови при одобрувањето кредити на претпријатијата. За наредниот квартал од 2019година банките очекуваат натамошно нето-олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но поумерено, во споредба со очекувањата дадени во претходната анкета, стои во Анкетата.
Олеснувањата на условите се во делот на каматните стапки, но мало заострување е забележано кај барањата за обезбедување. Главен фактор врз олеснување на кредитните услови имала конкуренцијата од други банки.
Зголемената побарувачка на кредити од страна на фирмите била за инвестиции во основни средства.
Кај домаќинствата е забележано олеснување на кредитните услови кај сите кредити, особено кај станбените, кое произлегува од олеснувањето кај каматните стапки на станбените и потрошувачките кредити.
Како и кај корпоративните кредити и кај домаќинствата конкуренцијата од другите банки била фактор со најизразено влијание врз нето-олеснувањето на условите за одобрување на двата типа кредита на домаќинствата, што е нешто посилно кај потрошувачките кредити.
Факторите што делуваат врз побарувачката на станбените кредити е довербата на потрошувачите и заштедите на населението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×