Оливија Георгиевска: Како одговоривме на Ковид- 19 предизвикот?
Објавено на од во Интервју

Olivija.g 2Оливија Георгиевска
главна академска координаторка на Американската гимназија – Скопје

Реално сметам, следејќи ја ситуацијата и во други гимназии, дека бевме пионери во однос на хибридната настава. Наставниците сосем подготвени ја дочекаа транзицијата и почнавме со најнормална настава уште веднаш. Наставата од 16 март се одвива без никаков застој. Учениците имаат активни часови, со класични предавања, онлајн вежби, усни прашувања, тестови и домашни работи.

  

Пред три години во Скопје почна со работа приватното средно училиште Американска гимназија – American High School Skopje (AHSS), најмладата образовна институција во семејството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.Како што ни изјавија тогаш од менаџментот на училиштето, идејата им била да им овозможат квалитетно образование на младите генерации, со цел тие да се стекнат не само со знаења, способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високообразовните институции, туку и да се оспособат за работа и живот во современото глобално општество. Во Американската гимназија се применуваат современи наставни методи и современа образовна технологија, прилагодени на индивидуалниот физички, емоционален и интелектуален развој на учениците, и наменети за стимулирање критичко размислување, проучување и истражување. Притоа, посебно внимаваме и на истакнување на хуманистичките вредности и негување на етичките вредности кај учениците. Со Оливија Георгиевска, главната академска координаторка на AHSS разговаравме околу тоакако приватните средни училишта одговорија на Ковид – 19 кризата, како учениците и нивните родители го прифатија концептот на хибридна настава и како се одржува онлајн дисциплина и се задржува вниманието на децата.
Како главна академска координаторка на Американската Гимназија Скопје, може ли да ни кажете како се одвива наставата во училиштето во ситуација на криза?
Менаџментот и директорката на АХСС Гимназија (American High School Skopje) реагираше неверојатно брзо и ефикасно. Дури сега, откако поминаа месец и половина, станавме свесни колку сме биле организирани и подготвени за промени. Реално сметам, следејќи ја ситуацијата и во други гимназии, дека бевме пионери во однос на хибридната настава. Наставниците сосем подготвени ја дочекаа транзицијата и почнавме со најнормална настава уште веднаш. Наставата од 16 март се одвива без никаков застој. Учениците имаат активни часови, со класични предавања, онлајн вежби, усни прашувања, тестови и домашни работи.
Нашите ученици се одлично адаптирани во работата со компјутери – како гимназија, имавме и претходно онлајн настава по математика и физика, користевме MOODLE како платформа за работа, работевме со видеа, онлајн материјали, па воопшто не им беше тешко да го сфатат едноставниот систем на Webex, со кој работиме од прв ден. Нивните родители добиваат електронски пораки со известувања, а соработката меѓу целата наша АХСС заедница е многу зацврстена.
Како учениците и нивните родители го прифатија концептот на хибридна настава? 
Нашите ученици се одлично адаптирани во работата со компјутери – како гимназија, имавме и претходно онлајн настава по математика и физика, користевме MOODLE како платформа за работа, работевме со видеа, онлајн материјали, па воопшто не им беше тешко да го сфатат едноставниот систем на Webex, со кој работиме од прв ден. Нивните родители добиваат електронски пораки со известувања, а соработката меѓу целата наша АХСС заедница е многу зацврстена. Самиот факт што немаме физички контакти и разговори, влијаеја на тоа да ја зацврстиме комуникацијата со сите можни технолошки средства. Родителите целата ситуација ја прифатија како неминовност и единствен начин да се продолжи со образованието на нивните деца. Како Гимназија, се потрудивме да обезбедиме сѐ што може во наш домен, а од комуникацијата со нив се гледа дека се многу задоволни и од кадарот, и од наставата. Нашите ученици се присутни на наставата, активни се на часовите, читаат дела и изработуваат задачи. Имаат класичен учебен ден со часови и работа, што значи дека не го губат времето и се апсолутно вклучени во сопствената надградба и усовршување.
Olivija.gКако се изврши промената и префрлувањето кон онлајн настава? Дали беше потребен период на адаптација или обука? 
Како што спомнав, транзицијата беше извршена, може слободно да се рече, во трка со времето. Целата настава во државата прекина на 12 и 13 март, во кој период нашиот менаџмент и луѓето од IT секторот обезбедија голем број лиценци од Webex Cisco, а во само еден ден, на 14ти, имавме обука за онлајн настава и веќе на 16 март започнавме со најнормална, вообичаена, според стариот распоред – настава. Верувам дека е така поради напредниот стил на работа на Гимназијата, која од самиот почеток се стреми да биде атрактивна, автентична и поинаква – да има современ и свеж пристап кон едукацијата и техниките на предавање на знаењето.
Самата ситуација, која сѐ уште трае, им наметна сериозност на учениците. Пред нив има нова реалност за која не беа подготвени, еден глобален проблем на човештвото кое ги засега и нив лично, се случува транзицијата на свеста и промена на системите на вредности на цивилизација. Не гледаат СФ филм за дистопија, туку го живеат, прилагодувајќи се и учејќи нешто ново, кое можеби повторно ќе им треба. Оваа состојба создаде одбранбен механизам и начин на преживување, па сега спонтано развиваат повисоко ниво на свест и одговорност, со кое пореално гледаат на светот. 
Имајќи предвид дека работите со тинејџери, може ли да ни кажете како одржувате дисциплина онлајн? Како им го задржувате вниманието на децата?
На почетокот, сите имавме предубедување дека онлајн предавањата ќе бидат понеуспешни, ќе немаме директна контрола на однесувањето, ќе измислуваат нови тинејџерски оправдувања. За многу кратко време изготвивме Правилник на однесување за време на онлајн настава и го споделивме со родителите и учениците, со цел да обезбедиме рамки и норми на однесување. Сакавме да си го задржиме нивото и сериозноста на часот и покрај тоа што сите го одржуваме во домашна атмосфера. Тоа ни помогна да воспоставиме насоки, кои денес се следат без проблеми. Самата ситуација, која сѐ уште трае, им наметна сериозност на учениците. Пред нив има нова реалност за која не беа подготвени, еден глобален проблем на човештвото кое ги засега и нив лично, се случува транзицијата на свеста и промена на системите на вредности на цивилизација. Не гледаат СФ филм за дистопија, туку го живеат, прилагодувајќи се и учејќи нешто ново, кое можеби повторно ќе им треба. Оваа состојба создаде одбранбен механизам и начин на преживување, па сега спонтано развиваат повисоко ниво на свест и одговорност, со кое пореално гледаат на светот.
Кои се вашите размислувања за иднината на образованието? Како очекувате да се развива наставата?  
Согласно препораките на МОН, ќе ја следиме целокупната ситуација во земјата, очекуваното намалување на бројот на заболени и враќањето во училишните клупи би требало да се очекува на самиот почеток на јуни, освен ако немаме нови пикови на заболени, поради што училишната година би ја завршиле онлајн.
Нашата гимназија се подготвува за наредната година со многу активности. Нè очекува период на тестирање на кандидатите за стипендии во мај – па така, до крајот на јуни ќе имаме стипендисти за 2020-2021. Со оглед на нашите активности околу акредитирањето и посетата на Директорот за меѓународна акредитација од WASC, очекуваме потврден одговор и почнување со летни подготовки за АП програма. Наш голем успех е и поддршката од Агенцијата за размена на ученици YES, која е многу задоволна од нашето работење и сака и понатаму да соработува, информирајќи нè дека со почетокот на новата учебна година ќе добиеме нови  ученици од Америка во размена.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×