ОМВ: Нафтената индустрија ја очекуваат тешки денови
Објавено на од во Економија
Глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми со најниско темпо во 2019 година, заради ослабената глобална економија, изјави во понеделникот извршниот директор на австриската ОМВ.
омвСпоред него, ова ќе доведе до поголемо спојување и аквизиција во индустријата.
„Постојат сигнали од потрошувачките пазари дека нашата индустрија треба да се подготви за побавен раст на бруто домашниот производ. И тоа ќе значи потешки денови за нас“, рече Рајнер Зеил за Ројтерс.
Суровата нафта од типот „Брент“ се тргуваше со околу 60 американски долари за барел во последните неколку недели, достигнувајќи 75 долари порано во 2019 година. Бавниот економски раст притиска на помалите резерви отколку санкциите на Иран и на Венецуела.
Според Зеил, растот на светската побарувачка на нафта ќе се намали под 1 милион барели на ден оваа година – за прв пат по многу години. „И тој тренд ќе продолжи во 2020 година“, рече тој.
Пониските цени ќе помогнат во ребалансот на пазарот, бидејќи тие ќе ги предизвикаат производителите со повисока цена да го променат својот бизнис. Во исто време, ова ќе доведе до пад на цените на енергенсите.
Индустријата можеби ќе треба да се подготви за консолидација. Пазарот на спојување и аквизиција ќе се врати на поздрави нивоа, бидејќи средствата стануваат поевтини и нивната цена ќе биде поумерена“, рече Зеле. Тој додаде дека ОМВ досега не размислува во таа насока.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×