ОН: Бројот на мигрантите за 15 години зголемен за 41%
Објавено на од во Политика
migranti

Бројот на мигрантите во 2015 година порасна за 41% во однос на 2000 година, и достигна бројка од 244 милиони од кои 20 милиони се бегалци, покажува најновото истражување на Обединети нации.

Во извештајот на ОН се наведува дека речиси пола од мигрантите доаѓаат од Азија, и дека на мнозинството од нив крајна дестинација им е Европа.

Околу 76 милиони, односно две третини од мигрантите од 2015 година, се упатиле во Европа.

Кога се во прашање поединечни земји, најголем број од мигрантите, 47 милиони се примени во САД, потоа во Германија и Русија по околу 12 милиони мигранти. По нив се Саудиска Арабија, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Околу 104 милиони од мигрантите по потекло се од азиските земји, 62 милиони од Европа, 37 од Латинска Америка и Карибите, а само 2% од мигрантите, односно 4 милиони се од Северна Америка, покажува извештајот.

ОН исто така заклучува дека бројот на жители во Европа од 2000 година би опаднал доколку не беше приливот на мигрантите. Дури, пишува во извештајот, и да продолжи трендот на доаѓање на мигранти, се предвидува дека бројот на жители во Европа ќе се намали во текот на наредните години поради негативниот природен раст на население.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×