Оне и Вип станаа Оне.Вип – Компанија со 53% удел на пазарот за мобилна телефонија
Објавено на од во Економија

Новата компанија настаната од спојувањето ќе има и пазарен удел во фиксната телефонија од 26,4%, во обезбедувањето интернет пристап 26%, а во ТВ услугите 33,4%.

Мобилните опратори „Вип” и „Оне” ќе се спојат во новоосновано друштво со ограничена одговорност со назив „Друштво за комуникациски услуги оне.Вип ДОО Скопје“, соопшти Комисијата за заштита на конуренцијата (КЗК) до каде што и официјално е пристигнато барањето за спојување меѓу двата телекомуникациски оператори. Новата компанија ќе биде под единствена контрола на mobilkom Mazedonien Beteiligungsverwaltung GmbH, австриска компанија која е дел од Телеком Австрија и е сопственик на операторот „Вип“.

Трети заинтересирани страни имаат рок од 10 дена да достават евентуални забелешки и мислења до КЗК за оваа концентрација на пазарот, пред таа конечно да се изјасни дали ќе даде дозвола за спојувањето. Да потсетиме, одлуката за спојувањето беше прв пат објавена во октомври лани, а компаниите и официјално потпишаа договор  на самиот крај од годината, на 30 декември.

Според најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со вториот квартал од 2014 година, Вип имаше 27,58% од пазарниот удел според вкупен број на активни претплатници и 29,27%  удел во приходите од обезбедување на мобилни услуги, додека кај Оне овие бројки беа 25,08% и 21,19% респективно.

Оне е исто така присутен и на пазарот за фиксна телефонија, со 15,78% удел, потоа  во делот на обезбедување пристап до интернет со 11,61% како и телевизиски услуги со 16,93%. Вип оператор пак, откако го купи кабелскиот оператор Близу кон средината на минатата година, исто така влезе на пазарот за фиксна телефонија, интернет и ТВ содржини, со 10,62%, 14,3% и 16,44% респективно.  Ова значи дека новиот оператор по спојувањето, ќе има пазарен удел во мобилната телефонија од 53%, во фиксната телефонија од 26.4%, во интернет пристапот речиси 26%, а во обезбедувањето ТВ содржини 33,4%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×