Оне.Вип треба да донесе подобри услуги, но веројатно и повисоки цени
Објавено на од во Економија

Оне и Вип ги здружија силите во Оне.Вип, односите на моќта на пазарот се менуваат, а најавија и подобар квалитет на услугите. Но, веројатно, како и во Европа, тоа ќе има своја цена.

Окрупнување, т.е. консолидација на пазарот за телекомуникациски услуги што изминатиов период се заговара, но и веќе се случува низ цела Европа, не ја заобиколи ниту Македонија. Спојувањето на Оне и Вип, најавено во октомври лани, почна да се остварува на терен. И додека од регулаторите се чека дозволата за спојување, да видиме што ќе се смени на телеком пазарот во Македонија со спојувањето на двете компании.

Според податоците од Агенцијата за електронски комуникации (види табели), заклучно со вториот квартал од 2014 година,  Македонски телеком останува лидер во делот на фиксната телефонија, со преку 60% пазарно учество во делот на активни претплатници, но во делот на мобилната телефонија, каде што до вчера имаше лидерство, сега ќе биде операторот (Т-Мобиле) со помал удел, односно околу 46% наспроти 53% на Оне.Вип, и незначителните 1% на виртуелниот оператор Албафоне.

Tabela-01 One.Vip

 

Во делот на широкопојасниот интернет пристап, односот на силите ќе биде следниот: Македонски телеком со околу 43%, а Оне.Вип со 26%: Останатите 30-тина проценти ги покриваат помалите оператори, кои што се преку 100 на број.

Во делот на ТВ услугите пак, Оне.Вип ќе ја има лидерската позиција со 33.4%, а Македонски телеком ќе се бори да го зголеми својот удел од моменталните 27%. Со, тоа што Оне.Вип, како што стојат работите сега, ТВ содржини ќе нуди преку кабелската платформа на Близу и дигиталната DVB-T платформа на Оне под брендот  BoomTV . Македонски телеком пак, ја нуди телевизијата преку т.н. Интернет протокол, или IPTV, под бреднот MaxTV. Во моментов с$ уште немаме сознанија како  Оне.Вип ќе се однесува во поглед на ТВ услугите, дали ќе остане состојбата каква што е сега, или ќе има промени во насока на унифицирање на понудата, најверојатно во насока на посовремената и пософистицирана дигитална платформа.

Оне.Вип ќе има најголем удел во мобилната телефонија и ТВ услугите

Во моментов во Македонија, кабелската телевизија учествува со половина (52%) на пазарот според начините на пренос  на ТВ содржините до крајни корисници. Тука најголеми играчи се токму Близу, кој што пак на вкупниот пазар за ТВ услуги учествува со 16,5%, и Телекабел, кој што е лидер во делот на кабелска телевизија, а со учество на вкупниот пазар со 20%. Дигиталната телевизија на Оне учествува со речиси 17% на пазарот за ТВ услуги, а IPTV на Македонски телеком со околу 27%. Ова значи дека Оне и Вип заедно имаат поголем удел на пазарот за ТВ услуги во однос на Македонски телеком, но нудат содржини преку различни платформи.

Сега засега, технички најсупериорна е платформата на Македонски телеком, во поглед на опциите што им ги нуди на корисниците (снимање, стопирање, ТВ тека, итн.), и се очекува борбата за придобивање на корисниците да продолжи токму во делот на овие погодности што им ги нуди телевизијата. Токму тие технолошки новитети што ги нуди дигиталната телевизија, и Оне ги истакнуваше во моментите кога ја доби лиценцата за да ја направи дигитализацијата на ТВ сигналот во Македонија, која што стартуваше од јуни 2013 година.

Tabela-02 One.Vip
Дали ќе се качат цените?

Она што најмногу ги интересира корисниците и на Македонски телеком и на Оне.Вип е како ќе се движат цените на услугите во новонастанатите околности на пазарот. Операторите во последнава година бележат намалување на приходите заради  намалените до 70%  цени за интерконекција, како и заради  и силната конкуренција поради што се жалат дека не можат да инвестираат во натамошен развој. Колку за илустрација, приходите на Македонски телеком во првите девет месеци од 2014 година се за 13% помали во однос на истиот период од 2013, а добивката е помала за 14,5%, доколку се исклучи ефектот од данокот на добивка поради промените во регулативата. Приходите од говорни мобилни услуги во првите девет месеци од 2014 година се намалиле  за 20%во споредба со истиот период од претходната година како резултат на намалувањето на тарифите.

Оне имаше пад на приходите од 6%, како и на добивката од 21%. Вип оператор пак, забележа пад на приходите од 10,2%, а на добивката од 8,8%.

Покрај намалувањата на цените наметнати од регулаторот,  телеком операторите последниве неколку години водеа агресивна политика на намалување на цените на услугите, особено во мобилната телефонија. Сега веќе се нудат месечни претплати што вклучуваат неограничени разговори и смс пораки кон сите мрежи, како и солидна количина на мобилен интернет, за само десетина евра. Оваа жестока битка за корисници ги изеде профитите на операторите,  и одржувањето, односно зголемувањето на приходите и профитите на среден и долг рок ќе остане предизвик за овие компании. Инвестициите во инфраструктура и усовршени технолошки решенија ќе донесат подобар квалитет на услугата, но аналитичарите велат дека, исто како и во ЕУ (види ја рамката) тоа ќе си има своја цена, што на крајот ќе ја платат корисниците преку поскапите месечни претплати.

 

2 thoughts on “Оне.Вип треба да донесе подобри услуги, но веројатно и повисоки цени

  1. Ќе покачат цени на постпејд ? Ќе се прашаме ние конзументите, ми истекува договорот оваа година и ќе размислам кој пакет и ДАЛИ воопшто да изберам, па на крај на краишта се живеело и без телефон, туку човештвото се размазило!!!

  2. Tochno so nivnoto zdruzuvanje na POSTPEJD uslugite na site korisnici ni stignaa ogromni pretplati za ovoj i minatiot mesec.Koga pobarav izveshtaj mi pushtija izveshtaj a vo nego imashe kako da sum ispratila 100 poraki.Da bev najbrzata daktilografka ne kemozev za 1 mesec da gi napisham 100 poraki i toa so kogo so mojata sestra,koja mi e vo mojot krug i edinstvena,zatoa shto so drugi i poretko se slusham no taa go zadrza svojot broj od T-MOBILE no se prefrli na ONE sigurno si rekoja sega tuka mu e majkata pa ke mozeme da dereme kolku sakame gospodata od ONE.Iskreno jas predvreme ke go raskinam dogovorot,zashto jas potpishav dogovor samo so ONE no ne i so VIP.Ako sakav so VIP ke pojdev kaj nim a ne vo ONE bez da ne prashaat pretplatnicite si rabotat po nivno kako nim im odgovara so toa tie se tie koi go narushuvaat dogovorot so nas a ne nie narodot so niv.Normalno da mi kazea navreme deka sakaat da se spojuvaat so VIP nikogash ne bi prifatila da potpisham dogovor kako POSTPEJD korisnik.Normalno ne bi mi ispil chavka umot da prifatam takvo ludo neshto,pobrgu bi bila bez telefon otkolku da bidam zaedno so operatorot VIP.Ke bidat vo pravo vo ONE ako voopshto ne prashaa i nam korisnicite no golem del se revoltirani shto od nas narodot napravija obichna mivka bez da se konsultiraat si nosat nedovetni odluki.Ke bea vo pravo da sakavme da gi raskinime dogovorite ako bea dostojni na ona shto go potpishale.Ako nim im odgovara koalicija so VIP nas narodot NE NI ODGOVARA.Ovde nemaat ni ronka opravduvanje,zashto go izvalkaa imeto na dolgogodishnite korisnici na ONE uslugite.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×