Онлајн обука: Заштити го твојот бизнис од корупција, на 28 и 29 мај
Објавено на од во Компании
Обуката  е бесплатна и се одвива во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници. Програмата за обука ќе ја спроведуваат сертифицирани обучувачи – професионалци од областа на усогласеност со прописи од  компании кои како дел од проектот беа обучени за спрoведување на овие обуки од HUMBOLDT-VIADRINA Governance Platform – Германија,  водечка консултантска компанија која работи во оваа област.
anti-bribery-corruption-concept-business-man-refusing-receive-money-banknote-envelop-offer-from-business-people-accept-agreement-contract-investment-deal_122498-129
За прв пат кај нас бизнисите имаат единствена можност да посетуваат специјализирана обука која ќе им помогне да ја препознаат и да се справат со корупцијата. Целта на програмата е  да ги поддржи заинтересираните компании за тие да можат да воспостават програми и практики за спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со прописи. Повеќе информации за проектот и дневниот ред во прилог.
 Придобивки од учеството
  • Во услови на променета работна динамика и социјално дистанцирање ова е можност за надградба на знаењето и инвестиција во развој на бизнис интегритет.
  • Знаење за дефинирање и препознавање на корупција и нејзиното влијание; одредување ризик фактори и мерки за справување со нив.
  • Обука во вредност од 154 евра по учесник, за којашто трошоците ќе бидат целосно покриени од страна на проектот.
  • Пристап до најдобри светски ресурси и материјали на темата кои ќе можете практично да ги искористите.
  • Понатамошна директна експертска поддршка и менторство во вашата работа за воспоставуавње на политики и практики за бизнис интегритет и справување со корупцијата.
  • Пристап до интерактивна поддршка на http://www.bezkorupcija.mk и вмрежување со над 70 компании - корисници.
  • Сертификат за учество.
Кој ја спроведува обуката?
  • Обуката се одвива во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници.
  • Програмата за обука ќе ја спроведуваат сертифицирани обучувачи – професионалци од областа на усогласеност со прописи од  компании кои како дел од проектот беа обучени за спрoведување на овие обуки од HUMBOLDT-VIADRINA Governance Platform – Германија,  водечка консултантска компанија која работи во оваа област.

 

Пријавувањето за обуката е на следниов линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×