Операторот А1 со раст на инвестициите, приходите и добивката во Бугарија и Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Приходите на Телекомот во Бугарија се зголемија за 4%, а профитот за повеќе од 9%, додека пак А1 Хрватска оствари вкупни приходи од 208,6 милиони евра во првата половина од годината, или 1,4% повеќе во однос на истиот период минатата година, што доведе до зголемување од 6,8% на EBITDA, на 66,6 милиони евра и зголемени инвестиции.

а1А1 Бугарија очекувапнатамошно зголемување на финансиските резултати поради зголемениот број на претплатници, тренд што продолжува да расте веќе неколку тримесечја по ред.

Второто тримесечие во 2019 година компанијата бележи раст на приходите од 4% на годишната основа, односно 115,4 милиони евра.

Печалбата на компанијатаво истиот период бележи раст од 9,3% т.е 45,1 милиони евра, покажуваат податоците за финансиското работење на  А1 Телеком Австрија груп, компанија од мајка на бугарскиот телеком.

Просечниот приход на претплатникот (ARPU) изнесува 5,6 евра, со годишен пораст од 8%. ARPU е исто така најважниот финансиски показател за телекомот.

Инвестициите на А1 Хрватска во првата половина од оваа година изнесуваа 46,3 милиони евра, што е за 27,5% повеќе во однос на истиот период од 2018 година, при што компанијата соопшти дека инвестициите се однесуваат на мрежните технологии и фреквенциите.

Консолидираните финансиски резултати А1 Хрватска, објави, преку резултатите на матичната компанија Telekom Austria Group во Виена, дека растот на А1 Хрватска продолжува во првите шест месеци од оваа година со силно проширување на мобилните и фиксните услуги, како и зголемување на мобилните претплатници за 8% и пораст на широкопојасниот мобилен интернет за 12,4%.

Во изминатиот месец, компанијата А1 Бугарија ја инсталира првата тест станица за 5G мрежа, која се наоѓа на покривот на Националната палата на културата во Софија. Најверојатно, идните инвестиции на овој телеком ќе бидат насочени во оваа насока и покрај големиот број регулаторни, па дури и политички пречки, како на државно, така и на меѓународно ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×