Операција за спас на хрватскиот гигант од банкрот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Agrokor 911 WEBТодориќ излегува, државата го презема Агрокор

Хрватскиот гигант Агрокор, која до пред некој месец важеше за најголема компанија во регионов, стана најголема економска закана за економијата на Хрватска и поширокиот регион. Експресно беше донесен специјален закон со кој државата го презема управувањето со компанијата, а судовите забранија да се преземаат било какви постапки против Агрокор. Хрватските власти се правдаат дека специјалниот закон Лекс Агрокор не се носи за да се спасува Ивица Тодориќ, туку за да се заштитат работниците и хрватската економија.

 

Хрватскиот гигант Агрокор, која до пред некој месец важеше за најголема компанија во регионов, стана најголема економска закана за економијата на Хрватска и поширокиот регион. Заради преголемата задолженост во која почна да тоне компанијата таа сега ќе биде спасувана од страна на државата со цел да спречи опасноста на банкротирање и на другите фирми на кои Агрокор им должи милионски суми.

За некои ова е сосема непазарен потег на државата која неоправдано спасува приватна компанија, додека за други ова е крај на тајкунскиот модел на привилегирани бизнисмени во Хрватска.

Хрватскиот Парламент минатата недела го донесе специјалниот Закон за воведување на вонредна управа во трговски друштва од стратешки интерес за државата. Законот веднаш се нарече Лeкс Агрокор, со оглед на фактот што тој се носи со цел државата да може да ги национализира управувачките права во Агрокор и за да го спаси од банкрот. Спасувањето на Агрокор почнува од тргањето на семејството на бизнисменот Ивица Тодориќ од компанијата, чиј банкрот би можел да предизвика вистински економски потрес во Хрватска, како и во Србија, Словенија, Босна каде што е присутна.
Трговскиот суд во понеделникот експресно ја отвори постапката за вонредна управа на концернот Агрокор и го именуваше бизнисменот Анте Рамљак за повереник на државата. Истовремено, во судот се донесени и решенија со кои се забранува покренување и водење на парнични, извршни и управни постапки против Агрокор и неговите 24 поврзани и зависни друштва. Меѓу нив се компаниите Конзум, Ледо, Звијезда и Тисак. Банките каде што е задолжен Агрокор веќе потврдија дека ќе одобрат нови 150 милиони евра за да се исплатат платите на вработените и на дел од доверителите
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ смета дека следува многу важен и тежок процес за спас на Агрокор.

“Банките потврдија подготвеност да дадат нов кредит за исплата на свежи пари за исплата на плати, за исплата на доверители во износ од 150 милиони евра со цел да се поддржи процесот на преструктуирање на Агрокор. Тоа ќе се спроведе во најкраток можен рок. Доколку обезбедиме ликвидност и доколку владиниот повереник обезбеди добар план за реструктуирање, мислам дека целата приказна околу Агрокор ќе тргне во позитивна насока”, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ.

“Пред нас е битка за Агрокор, битка за работниците, добавувачите и доверителите на Агрокор, битка за да спречи проблемите на оваа компанија да се прелијат на целата економија на Хрватска и пошироко во регионот”, изјави новиот владин повереник Анте Рамљак уверувајќи дека прва цел му е заедно со тимот да ги смири тензиите и да ја врати довербата на добавувачите и доверителите, и да го нормализира работењето на Агрокор.

Според новиот Закон за спасување на Агрокор, привремената управа може да биде на чело на компанијата 15 месеци, а ако постапката за стабилизација и реструктуирање не успее за тој период, компанијата ќе оди во стечај.

“Денешниот ден е почеток на системско и темелно решавање на кризата и пред се прва фаза во процесот на реструктуирање на Агрокор”, изјави премиерот Пленковиќ.

Банкротот на Агрокор ќе повлече многу компании и индустрии

Многу големи компании од Хрватска и регионот се засегнати со случајот Агрокор и имаат огромни побарувања кон компанијата на која и доставувале роба која не им била навреме платена. Сега и тие ќе бидат директно вклучени во процесот на спасување и реструктуирање на Агрокор.

Претседателот на управата на Атлантик Група, Емил Тедески има доверба во хрватската Влада и смета дека владиниот повереник Анте Рамљак има релевантно искуство од областа на финансиите и реалната економија.

“Горд сум на хрватската Влада дека имаше мудрост да донесе закон кој даде можност старите обврски на Агрокор кон добавувачите да се стават пред интересите на банките и финансиските институции. Состојбата на економијата и грижата на хрватската Влада за деловните субјекти, пред се грижата за производителите и трговците е примарна и мислам дека тоа е добра работа”, смета Тедески.
Од проблемите во кои тоне Агрокор се засегнати и хрватските земјоделци.

Откако јавноста беше запознаена со проблемите околу ликвидноста на Агрокор, големите долгови кон добавувачите и банките, речиси и да нема село во најголемиот земјоделски регион Барања во кое не се зборува за иднината на концернот во сопственост на Ивица Тодориќ.
И тоа е сосема разбирливо ако се знае дека во составот на Агрокор е и комбинатот Беље, преку кој е сопственик на многу земјоделско земјиште.

Колку за пример, од 30 илјади хектари земја колку што има во Барања, околу 18 илјади се во сопственост на Агрокор, а од 1.300 хектари виногради, околу половина се во сопственост на Беље.

Според податоците, Агрокор има приходи од околу 6,5 милијарди евра, што е колку 14% од хрватскиот Бруто домашен производ (БДП). Од вкупно 60 илјади вработени, 49% се вработени во Хрватска, што е 1,9% од вкупниот број на вработени во земјата.

Според новиот Закон , за компанија од системско значење се смета секоја компанија која вработува повеќе од 5.000 луѓе и која има обврски повеќе од 7,5 милијарди куни. Сите компaнии кои ги задоволуваат овие критериуми и кои ќе се најдат во економски и финансиски проблеми ќе им се овозможи истата правна рамка за решавања на проблемите.Такви компании со системско значење нема многу, но тие вработуваат 11,5% од вкупните вработени и 34,6% од хрватскиот БДП.

Хрватскиот премиер Пленковиќ вели дека ова не е закон за спас на Ивица Тодориќ, туку за заштита на економијата и работниците.

Тој потсетува дека Агрокор има 60 илјади вработени, 5 илјади добавувачи, а вo рамки на концернот работат дури 70 фирми кои сега ја делат истата судбина со Агрокор.

“Овој Закон има свој политички, економски, финансиски, стратешки, надворешнополитички и земјоделски контекст. Сите овие теми се дневен ред на Владата и на сите политички партии со или без овој Закон”, смета Пленковиќ.
Зборувајќи за причините заради кои е донесе Законот Лекс Агрокор, премиерот Пленковиќ објаснува дека “во ситуација кога социјално-пазарното стопанство во демократските земји ќе дојде во ситуација на одредени проблеми и актерите на тој процес не се во состојба да најдат решение, тогаш е момент Владата и државните институции да ја преземат одговорноста и да се обидат на помогнат да се решат проблемите”.

“Точно е дека Агрокор е приватна компанија, но Уставот и прописите во Хрватска ги штитат приватната сопственост и слободата на претприемништво, па со оглед на тоа овој Закон е напишат во согласност со Уставот”, уверува хрватскиот премиер Пленковиќ.
Процесот за спасување на Агрокор кој ќе се одвива во следните месеци подразбира привремената управа поставена од страна на државата преку дијалог со заинтересираните актери во целиот процес да се обиде да најде решение. Првичен чекор е обезбедувањето на свежа ликвидност кое сега се прави преку согласноста на банките да му одобрат на Агрокор кредит од 150 милиони евра за да се намират платите на вработените и да се исплатата доспеаните обврски кон добавувачи и на оние кои најмногу се потпираат на работењето на најголемата хрватска компанија.


Agrokor 911 WEB 03

Горд сум што се што изградив за 40 години и го предадов на хрватската држава

Ивица Тодориќ, сопственик на Агрокор

“Четириесет години од мојот живот ги вложив во изградба на цела Хрватска и регионот, заради што денес сум горд човек што се што изгради денес со својот потпис и го предадов на хрватската држава”, се вели во изјавата на Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор при поднесувањето на барањето за активирање на Законот за спасување на компанијата од страна на државата.

Од управата на Агрокор соопштија дека одлуката е донесена во уверување дека таа е во најдобар интерес за секој вработен, партнер, добавувач, сите други актери и на целата економија.
“Искрено се заблагодарувам на сите вработени, блиски соработници и партнери со кои ја изградив најзначајната компанија во историјата на Хрватска. Сите овие години, па и во последните исклучително тешки моменти го давав својот максимум за да ја осигурам стабилноста на компанијата, за да ги сочувам над 60 илјади вработувања и да обезбедам просперитет на целиот концерн Агрокор. Уште еднаш ги повикувам сите оние кои можат да придонесат Агрокор непречено да продолжи да работи, да направат се што е о нивна моќ, да се сочуваат работните места и да се овозможи негов понатамошен развој”,се вели во писмената изјава на Тодориќ

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×