Опозицијата бара компаниите да се ослободат од трошоци за сервисирање на фискалните каси
Објавено на од во Економија

GPRS kasiСо Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања доставени до Собранието, пратениците од опозицијата бараат компаниите да се ослободат од давачки за GPRS (фискалните) каси.

Според опозицијата со постоечкото законско решение се врши „нов арач на малите и средните претпријатија“ затоа што им се  овозможува на производителите и лиценцираните трговци со фискални апарати од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат GPRS фискални каси, да наплаќаат нова давачка од 60 евра на годишно ниво за сервисирање на GPRS врска.

„Со новото законско решение ќе им се овозможи на правните субјекти и физичките лица кои што обавуваат дејност да се ослободат од давачка од 60 евра и на даночниот обврзник ќе му се овозможи доколку направи прекршок кон државата – преку работа, а не затварање на неговиот објект да може да ја плати глобата“, се вели во законското образложение.

Според предложените измени, новите давачи за фирмите се дополнителен удар затоа што прво им биле наметнaти трошоци и обврска претпријатијата да имаат по две фискални каси, па потоа се вовеле казни од по 3.000 евра за непоседување на вакви GPRS фискални каси, а сега и, како што се вели во образложението, дополнителни по 60 евра за сервисирање на истите.

Затоа тие предлагаат:

„Сервисирањето на фискалната апаратура во врска со GPRS терминалот и крипто модулот се врши без надоместок. Ова го предлагме од причина што Управата за јавни приходи се покажа како ненадлежна и не презеде никаков чекор кон разјаснуавње на поплаките кои што ги имаа даночните обврзници, а во врска со договорите од лиценцираните производители – трговци на фискална апаратура“, се вели во текстот доставен до Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, објаснуваат дека давачките од 60 евра не одат во буџетот, туку се за одржување и не се 60 евра за сите туку зависат од договорот со сервисерот.

„И покрај тоа државата за да им излезе во пресрет на фирмите, донесе законски измени во Законот за регистрација на готовински плаќања, со кој се предвиде еден задолжителен бесплатен сервис годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

One thought on “Опозицијата бара компаниите да се ослободат од трошоци за сервисирање на фискалните каси

  1. За жал ова е само една од низата начини за осиромашување на фирмите и граѓаните, за кои веројатно владата не е ниту свесна, барем по мое мислење. Законите што се носат, не се добро промислени и предизвикуваат едно чудо дополнителни трошоци, што можеби и не се големи ама предизвикуваат огрномен револт. Мислам дека е време, влата на ВМРО сериозно да се зафати со сите вакви случаи и да ги реши на малку посуптилен и по прифатлив начин за граѓаните и фирмите. Пример, зошто мора сертификатот за поднесување пријави во УЈП да биде толку скап ?? Нели може да се плаќа 500-600 денари (без токенот секако) и да трае 10-тина години, како тој за поднесување плата ? Зошто крипто модулот на фискалните треба да трае една година ? Може да трае барем 5 .. и еден куп други ситни но „динамитни“ давачки. Доста е веќе. На ваков начин само се продуцираат бизниси и занимања што не продуцираат ништо, туку живеат како пијавици на оствареното на другите. Господа министри, ова земете го многу сериозно, затоа што на изглед е ситни, ама затоа мнооогу придонесува во уништување на угледот и на владата и на партијата. Чисто како совет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×