Опозициска „бомба“ во Центар пред референдумот за ГТЦ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ќе слушнете телефонски разговори што ги покажуваат криминалите во Општина Центар што ги правела власта на чело со Никола Груевски – најави претседателот на општинската организација на СДСМ од споменатата скопска општина, Саша Богдановиќ, на почетокот на денешниот граѓански собир одржан во Паркот Капиштец, како дел од опозицискиот проект „Вистината за Македонија“.

Во еден од презентираните снимени телефонски разговори, наводно министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, признава дека членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кршеле штабови на партијата на Љубе Бошкоски.

Можеше да се слушне и сет разговори, за кој Богдановиќ рече дека покажува како за проектот „Скопје 2014“, „Никола Груевски наместо да се занимава со проблемите на државата, тој, со моливче и гума, го цртал и го бришел изгледот на нашето Скопје и нашиот Центар“ и„не се консултирал со јавноста, со архитекти, со граѓани, туку тој самиот лично го нарачал барокниот изглед на ГТЦ.“

Во разговорот што беше емитуван последен, наводно Груевски бара од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да организира (за протестите против стопирањето на изградбата на црквата Свети Константин и Елена, односно против градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски) „2.000 луѓе пред Центар, од кои дел да си влезат и внатре, па, да видиме, да размислиме, дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе (на Жерновски, н.з.) пред сите.“

По оваа снимка, говорницата од Богдановиќ ја презеде Жерновски, кој го обвини премиерот дека „не е оној политичар кој се претставува во јавноста, туку е политичар кој само размислува и работи за провизии, за пари; кој не работи 24 часа во Владата, туку во комбе бара плацеви за себе и за својата фамилија“.

Жерновски му порача на Груевски дека по „шамарите што досега ги добил во општина Центар, на 26 април ќе го добие најголемиот“, со референдумот за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×