Опозицискиот кандидат стана претседател на Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Radev Rumen 890 WEBРумен Радев – проруски генерал, (само) на прв поглед

Поради залагањето за укинување на санкциите кон Русија и заземањето прагматичен став на Бугарија за руската анексија на Крим, впечатокот е дека Радев најавува тренд на приближување на Софија до Москва. Но, оние кои го следеле новиот бугарски претседател одблиску се сигурни дека генералот образуван во САД, кој работел во НАТО, нема намера да го промени надворешно-политичкиот курс на Бугарија, и да ја оддалечи од ЕУ и од НАТО

 

„Еврофилијата не значи русофобија“, изјави во интервју за Reuters во октомври, сега избраниот претседател на Бугарија, Румен Радев. Ова беше главната порака на пилотот што на претседателските избори кај нашиот источен сосед беше поддржан од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), а по чија победа премиерот Бојко Борисов со својата Влада поднесе оставка.

Радев до крајот на јуни годинава, додека не „влета“ во високата политика, беше командант на бугарските воздухопловни сили, а на оваа функција два пати поднесе оставка поради несогласување со политиката на Министерството за одбрана на Бугарија.

Првиот пат ја повлече откако премиерот итно даде 80 милиони левови за авијацијата – вториот пат беше споменатото влетување во високата политика.

Поддршката од БСП беше ограничена од скептицизмот на дел од партијата, околу недостатокот на политичко искуство на Радев, но, се покажа дека токму оваа карактеристика на неговата кандидатура му помогна да стане претседател.

Во меѓувреме тој јасно ги усогласи своите позиции со оние на опозициската, левичарска партија: поддршка за големите енергетски проекти; за развојот на нуклеарната енергетика во Бугарија; за симнување на санкциите на Европската унија кон Русија; против мигрантската политика на Владата.

Во однос на нелегалната окупација на Крим од страна на Русија, Радев изјави дека на реалноста треба да ѝ се гледа в очи: „Секако дека има кршење на меѓународното право. Тоа е факт. Но, факт е и дека во моментов над Крим се вее руско знаме. И што? Треба ли да замижиме пред тоа?“.

Оваа изјава, и слични, како цитираната на почетокот со која покажа потреба да потенцира дека еврофилијата не значи русофобија, направија Радев, образованиот во САД генерал, да биде сметан за проруски ориентиран.

На ваквите импутирања, тој одговори дека донеодамна летал на советски воен авион; на неговата диплома стои американски печат, а сепак „јас сум бугарски генерал и мојата работа е Бугарија“.

Радев гласачите ги освои со залагање за искоренување на корупцијата (со легитимитетот што му го дава тоа што е ново лице во бугарската политика) и за (и пошироко во Европа популарните) посилни безбедносни мерки против приливот на бегалци.

Reuters, поради залагањето за укинување на санкциите кон Русија и за заземањето од страна на Бугарија на прагматичен став за руската анексија на Крим, оцени дека новиот претседател ќе ја приближи Софија до Москва, што ќе се одрази на односите со сојузниците од ЕУ и од НАТО.

Во прилог на тезата на агенцијата, во минатото, Радев присуствувал и на русофилски собир каде биле кинети знамиња на ЕУ и на НАТО.

Но, има и аналитичари кои бараат подлабоко, попсихолошки да се анализираат изјавите и „бекграундот“ на новиот бугарски претседател, а меѓу нив е уредникот на Deutsche Welle во Бугарија, Александар Андреев.

Последниот, имено смета, дека Радев со изјавите за санкциите кон Русија и за Крим покажал политичко неискуство, односно, недоволно промислено водење од очекувањата на гласачите. Андреев вели дека луѓето кои го познаваат, се сигурни дека генералот образуван во САД, кој работел во НАТО и течно говори англиски, германски и руски, нема намера да го промени надворешно-политичкиот курс на Бугарија, и да ја оддалечи од ЕУ и од НАТО.

Она што е извесно за Радев, е дека е националист кој ги дели традиционалните бугарски предрасуди за Турција, и од кој Бугарите очекуваат „генералот со цврста рака“ да ја затвори границата (со Турција) во случај на нов голем прилив мигранти. Иако, во Бугарија претседателот нема големо влијание на политиката на државата.

По оставката на Владата на Борисов, кој по уверливата победа на Радев над кандидатката поддржана од власта (од ГЕРБ), Цецка Цачева, оцени дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и оти е очигледно дека се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада – ќе поминат неколку месеци додека не се организираат нови парламентарни избори.

Толку време ќе треба зашто според Уставот на Бугарија, претседателот на државата, Росен Плевнелиев, во заминување, не може да распише избори во ситуација кога мандатот му изминува.

А до новите избори Бугарија, која е прилично нервозна, ќе остане без стабилно политичко водство. И Борисов рече дека „многу луѓе се чувствуваат незадоволни… и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени“.

Се очекува Бугарите да бидат надразнети и од сметките за греење што доаѓаат со зимската сезона, и што може да ги натераат да излезат на улица.

Одредени аналитичари во ваквиот развој на ситуацијата гледаат циничен план на Борисов, кој и претходно знаел итро да се повлече кога ќе загусти, да ги остави политичките конкуренти да се измачуваат, а кај народот да се крчка несигурност и страв, пред тој на крајот да се врати „на бел коњ“, како победник на избори.

Во случај да е тоа планот на бугарскиот премиер во оставка, аналитичарите сметаат дека е многу опасен; односно оти комбинацијата на споменатите страв и несигурност кај народот; зголемената неподносливост кон странците засилена со бегалската криза; чувството дека осиромашува и дека е заборавен од Европа; можат да предизвикаат масовни протести проникнати со национализам, со исклучително експлозивен потенцијал, и тоа точно на критичната граница, меѓу Турција и Европа.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×