Општествена одговорност на поинаков начин
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

KOO Tema 2 WEB 916  01Социјалното претприемништво во Македонија во повој

Во развиените економии на ЕУ социјалните претпријатија веќе стигнале до тоа да бидат 10% од сите бизниси, во земјава сè уште се чека донесување на закон што ќе ја регулира оваа област на економијата.

 

Сите се сеќаваме на феријалните сојузи или пак на извидничките одреди уште од времето на претходниот социјалистички систем. Некои  од овие форми на социјално ангажирање на младите луѓе функционираат и денес, но повеќе само како потсетник дека некогаш на овие простори  имало всушност социјални претпријатија – или барем нешто што е најблиску до модерната дефиниција за социјална економија. Ако земеме предвид дека социјалната економија подразбира управување со имот, бизнис и сл., на начин што продуцира услуги или производи чија основна цел не е профитот сам по себе, туку придонес за општото добро, подобрување на различни вештини, обезбедување услуга за ранливи категории коишто инаку на пазарен начин не можат да ја добијат, итн., тогаш извидничките кампови,  феријалните одморалишта или пак пионерските домови,  беа токму таква форма на “бизниси“ – субвенционирани од државата или општините, каде што младите луѓе од секаков социјален бекграунд можеа да учат музика, јазици, да летуваат, зимуваат и други активности што вообичаено, не можат да се обезбедат за сите категории корисници  по пазарни услови.

На Балканот социјалните бизниси во зародиш

Во Европа во моментов функционираа современи форми на социјално претприемништво, правно регулирани, каде што се знае зошто и како се формираа овој тип на компании, која е нивната, задача, права, обврски и бенефиции заради специфичната улога во општеството. Во моментов, според некои статистики,  10% од сите компании што сега работат во ЕУ се од категоријата социјални, додека 7% од работната сила е ангажирана во нив. А, од новите компании што секојдневно се отвораат, секоја четврта е социјално претпријатие. Во Македонија, како и во останатите земји од регионов, со ретки исклучоци можеби, социјалното претприемништво во модерна смисла на зборот е во зародиш, јавноста с$ уште се запознава со концептот, срамежливи се поединечните примери на ваков тип компании  што се бројат на прсти, а регулатива во најдобар случај е во некоја нацрт фаза.

Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во која се интегрираат економски и социјални цели, тоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките предизвици и за зајакнување на инклузивниот раст.

Социјалното претриемништво се дефинира и како континуирано спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Примарна цел на социјалното претприемништво е зајакнувањето на социјалната кохезија и солидарноста како и зајакнувањето на капацитетот за иновации во различни економски сектори и општествено корисни подрачја. Целта е да се генерира општествена вредност при што заедницата ќе има корист од претприемачките активности. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет.

Ретки примери во Македонија

“’Покров’ е прва долгорочна рехабилитациска програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард во Македонија. Сите во Струмица знаат за Сократ Манчев – еден од најуспешните социјални претприемачи, основач на „Покров“. Таму корисниците на програмата се работно ангажирани во рамки на социјалното претпријатие. Како дел од социјалната интеграција, се занимаваат со органско земјоделство и производите ги пласираат на пазарот. Од приходите се финансира работата на претпријатието и надоместоците на корисниците. ‘Покров’ е самоодржлив модел на социјално претпријатие, што ја ужива поддршката на локалната заедница.”, вели Никица Кусиникова од организацијата “Конект“, промотор на општествено одговорни стратегии во бизнис секторот. Таа го истакнува и примерот на „Лице в лице“  - единственото улично списание во Македонија. Практикувајќи го и промовирајќи го моделот на социјално претпријатие, тоа обезбедува работен ангажман за околу 40 маргинализирани лица (млади на улица, лица со попреченост, бездомни лица итн.). Списанието се продава по цена од 100 денари, при што половина од продажната цена ја задржува продавачот, а другата половина се користи за остварување и развој на едукативната програма низ којашто поминуваат овие лица, а и за трошоци за печатење и подготовка на нов број на „Лице в лице“.

“Она што ние како организација се обидуваме да направиме е да поттикнеме меинстрим компании да менторираат социјални претпријатија, или пак да ги вклучат во своите синџири на снабдување, на пример и со тоа да го помогнат нивниот раст и развој“, додава Кусиникова.


KOO Tema 2 WEB 916  02Карактеристики на социјалните претпријатија

Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците;

Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена;

Нудат иновативни модели  за одржлив и рамномерен развој;

Најчесто делуваат во две насоки:
  • Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници;
  • Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.

Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно грантови).

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×