Општина Центар ќе продолжи со акцијата за расчистување на незаконски поставената урбана опрема
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

bastion-urivanjeОпштина Центар втор ден продолжи со рушење на незаконски поставената урбана на кафе баровите Бастион и Шејк Шејк поставени на улицата Ленинова во Дебра Маало.
И покрај реакциите од сопствениците на локалите, од Општина центар се децидни дека справувањето со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината.

Од Oпштината велат дека по бројните жалби на жителите на општината и по донесувањето на решенијата, на засегнатите страни им бил оставен простор од повеќе од 6 месеци самите да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти, но бидејќи не го сториле тоа, Oпштината пристапила кон административно извршување на донесените управни акти.

Управителот на локалот Бастион, Дејан Гиевски, тврди дека се работи за нелегално рушење и дека одобрението за поставување на урбаната опрема е издадено во април оваа година од Градот Скопје.
„И покрај нашето барање до општина Центар да се прекине со извршувањето и да добиеме било каква информација за тоа што не е легално во овој објект каде што веќе имаме добиено  дозвола од ГрадСкопје, каде што се повикува и општина Центар, бидејќи сите уплатени пари за оваа дозвола одат половина за Град Скопје, половина за општина Центар. Кога ни било дадено ова решение, одобрение за вршење дејност, зошто не ни било објаснето што не е легално во овој објект “, вели Дејан Гиевски.
Од општина Центар велат,  ќе се уриваат и  други тераси, но и деловни објекти кои се поставени без одобрение за градење.
„Постапката ќе продолжи и во наредниот период, при што општината неселективно ќе постапи во сите случаи каде има прекршување на Законот за градење. Овластените градежни инспектори во континуитет ги известуваа инвеститорите дека доколку сами не си ги отстранат градбите, истите ќе бидат присилно административно извршени“ – Општина Центар
Центар
Од Општината се повикуваат на Одлуката за утврдување стандарди за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Град Скопје кои требале корисниците на тротоарите да ги почитуваат, посебно на членовите 11 и 12 кои јасно го пропишуваат начинот и правилата според кои треба да биде поставена урбаната опрема, кои ги пренесуваме во целост:

Член 11
(1) При поставување на времени објекти и урбана опрема на тротоари и други пешачки површини, минималната слободна проодна површина од попречниот профил на тротоарот или пешачката површина изнесува 2,5м.
(2) Исклучок претставуваат простори кај кои во партерот постои реализирана граница помеѓу просторот за движење на пешаци и бараниот простор за поставување на опрема (столпчиња, денивелација и сл. ) но просторот за движење не може да биде помал од 1,2 метри

(3) Широчината на слободната проодна површина на тротоарите, согласно став (1) на овој член, се мери од рабникот на коловозот или на велосипедската патека. Доколку на тротоарот има дрвја, комунален или рекламен објект, широчината на слободната проодна површина се мери од граничникот на дрвото или од најистурената точка на пречникот на дрвото, на комунален или рекламен објект, во правец на делот од јавната површина што е предмет на користење.
(4) При поставување на времени објекти и урбана опрема на објекти или земјиште во сопственост минималната слободна проодна површина изнесува 2,0 метри

Член 12
(1) Поставување на времени објекти и урбана опрема не е дозволено на делот од тротоарот во зоната на свртување на улицата, односно во зоната на вкрстување на улиците (магистрални и собирни), која изнесува минимум 4,0м од пресечната точка на двете регулациони линии.

(2) Доколку пешачката површина е поголема од 5,0 метри во радиусот на свртувањето дозволено е поставување на урбана опрема за летна тераса при што треба да се запази проодна површина со ширина од 2,5 метри од работ на коловозот односно од најистурениот елемент (дрво, комунален или рекламен објект).

(4) Сообраќајни услови
• Монтажен објект или групација на монтажни објекти мора да биде лоцирана на начин кој нема да го попречува слободното движење на пешаци, инвалиди и возила. Се поставуваат на оддалеченост од работ на коловозот миниумум 1,5 метар до 2,5 метри од раскрсница минимум 5,0 метри од почетокот на радиусот за десно свртување.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×