Општините бараат повеќе пари од даноците за да биле понезависни
Објавено на од во Економија

Akcija-za-cistenje-Butel-noemvri-2017-3Презадолженоста на општините ќе ја плаќаме сите

Неодамнешната одлука на Владата да одвои 50 милиони евра неповратни пари од државниот буџет за да им исплати 51% од долговите на општините во Македонија на површина го извади проблемот со финансиската неодржливост и нестабилност на многу општини во Македонија. Имено, околу 20% од општините во Македонија во последните неколку години работат со блокирани сметки, иако тоа е противзаконски. Кај некои општини состојбата е алармантна заради тоа што неизмирените обврски достигнуваат дури до 80% од нивниот годишен буџет. Градоначалниците, пак, велат дека проблемот со финансиската нестабилност на општините во голем дел се должи и на лошата и спора фискална децентрализација во Македонија.
За да не зависат од дотациите од власта општините бараат да добиваат поголем дел од прибраните приходи во државниот буџет од различни даноци. И тоа од приходите по основ на ДДВ бараат зголемување од сегашните 4,5% на 10 % во полза на општините, додека од персоналниот данок, од сегашните 3% на 50%. 


Барања на ЗЕЛС за поголема финансиска стабилност

  • обезбедување меки заеми, со ниски каматни стапки и со подолг рок на отплата за блокираните општини
  • зголемување на средствата од блок дотациите од буџет
  • 10% наместо досегашните 4,5% од ДДВ
  • 50% наместо досегашните 3% од персоналниот данок
  • воведување на механизми за обезбедување на висока наплата на сопствените приходи
  • креирање на адекватни политики на локалните даноци
  • обезбедување на поддршка за спроведување на крупни капитални инвестиции
  • поголема соработка со централната власт при креирањето на Буџетот на државата
  • примена на законски утврдените казни за секое недомаќинско и расипничко трошење на парите на граѓаните
  • и воведувањето на мала, стручна администрација во општините и во јавните претпријатија

Неодамнешната одлука на Владата да одвои 50 милиони евра неповратни пари од државниот буџет за да им исплати 51% од долговите на општините во Македонија на површина го извади проблемот со финансиската неодржливост и нестабилност на многу општини во Македонија. Имено, околу 20% од општините во Македонија во последните шест години работат со блокирани сметки. Кај некои општини состојбата е алармантна заради тоа што неизмирените обврски достигнуваат дури до 80% од нивниот годишен буџет.

Експертите кои ги консултираше Капитал објаснуваат дека ваквото работење на општините е незаконски. Имено, според членот 39 од Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа вели дека доколку Општината е континуирано блокирана во период подолг од 45 дена или доколку општината не го плати доспеаниот долг во рок од 90 дена од датумот на доспевање мора да биде прогласена финансиска нестабилност.
Во Законот се вели дека градоначалникот е должен за настанатата финансиска нестабилност да го информира Министерот за финансии, кој пак е должен во рок од 15 дена да донесе решение за започнување на посебна постапка за надминување на финансиската нестабилност и да формира Комисија која ќе изготви план за излегување од финансиската нестабилност . Од денот на донесувањето на решението за финансиска нестабилност, Законот вели дека градоначалникот не смее да донесува одлуки со кои може да се зголемуваат финансиските обврски, да основа нови јавни претпријатија и установи и да врши плаќање на обврски кои не се согласност со планот изготвен од посебната Комисија за надминување на финансиската нестабилност. Доколку фискалната нестабилност не се надмине во рок од една календарска година, Министерот за финансии е должен да наметне буџет на општината согласно насоките за нејзино надминување.
Иако Законот за финансирање на локалните единици јасно пропишува како да се спречи и надминат финансиските проблеми и презадолженост на општините, досега ниту еден министер за финансии не го отворил јавно овој проблем, ниту пак предложил начин за нивно надминување, иако е законски обврзан на тоа. Тоа упатува на заклучок дека презадолжувањето на општините за сиве овие години наназад е правено со преќутна согласност и амин од властите. Напротив, Вадата неодамна донесе одлука да им додели неповратни пари од буџетот во износ од 50 милиони евра, без да побара никаква одговорност од ниту еден градоначалник за незаконското работење во минатото.

Градоначалниците бараат повеќе пари

Градоначалниците го признаваат долгогодишниот проблем со презадолженоста, но сметаат дека парите одвоени од буџетот за покривање на долговите не треба да се сметаат како подарок или милостина, туку како рамномерна распределба на приходите во буџетот со општините. Тие велат дека проблемот со финансиската нестабилност на општините во голем дел се должи и на лошата и спора фискална децентрализација во Македонија.

Градоначалниците обединети преку ЗЕЛС (Заедницата на единици на локална самоуправа) посочуваат дека процесот на децентрализација во изминатите години беше минимизиран и дека се потребни сериозни промени за обезбедување на поголема автономност на локалните власти, каква што имаат современите европски општини.

Потребен е објективен и транспарентен систем за финансирање на општините со цел правично обезбедување на финансиски средства, особено за помалите и посиромашните општини, кои континуирано имаат мали даночни капацитети, а големи финансиски потреби.

Уште во јуни годинава ЗЕЛС доставила конкретни насоки и барања кон централната власт за обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините и за надминување на состојбите со блокираните општини.

Мерките на ЗЕЛС имаат за цел да обезбедат поголема финансиска независност на локалната власт и ја акцентираат потребата од итна и продлабочена финансиската децентрализација.
Податоците покажуваат дека најголемиот дел од приходите на општините, односно повеќе од 60% произлегуваат од трансфери од централната власт, што според нив е основа за загрозување на независноста и самостојноста на општините и дека тоа треба итно да се промени.
Градоначалниците сметаат дека децентрализацијата во земјата подолг период е запоставена и заборавена тема, која наталожи многу негативности, меѓу кои и дваесетина блокирани општини, кои не може соодветно да функционираат, долгови на локалните власти од околу 250 милиони евра, големи потешкотии во спроведувањето и на најосновните надлежности, особено во делот на образованието, ниско ниво на собирање на сопствените даноци, несоодветна даночна политика на локално ниво, слаби административни капацитети, неадекватен систем на финансиско воедначување, несоодветен рамномерен регионален развој, неефикасни јавни комунални претпријатија кои служат за вработување на партиски кадри и ред други предизвици.

Едно од приоритетни барања на ЗЕЛС е обезбедување на поддршка на блокираните општини со меки заеми, со ниски каматни стапки и со подолг рок на отплата. Општините сметаат дека треба да има и значително зголемување на средствата во блок дотациите за квалитетно спроведување на надлежностите. Но, за да не зависат од дотациите од власта општините бараат да добиваат поголем дел даноците. И тоа од приходите по основ на ДДВ бараат зголемување од сегашните 4,5% на 10 % во полза на општините, додека од персоналниот данок, од сегашните 3% на 50%.

naslovna_01_11Понатаму, се бара и креирање на адекватни политики на локалните даноци и воведување на механизми за обезбедување на висока наплата на сопствените приходи, доследно спроведување на Законот за рамномерен регионален развој и воведување на правичен систем на воедначување, обезбедување на поддршка за спроведување на крупни капитални инвестиции, поголема соработка со централната власт при креирањето на Буџетот на државата, со цел увид и влијание при одредувањето на средствата наменети за локалните власти, како и обезбедување на квартални известувања и средби со Владата за финансиските и други предизвици на локалните власти.
За секое недомаќинско и расипничко трошење на парите на граѓаните, општините бараат непоколеблива примена на законски утврдените казни, а од посебна важност е и воведувањето на мала, стручна администрација во општините и во јавните претпријатија, наместо таа да е гломазна и неажурна.
Исто така, тие посочуваат дека е потребно да се зајакнат и капацитетите на Министерството за финансии и на Министерството за локална самоуправа за поквалитетна соработка и поддршка на локалната власт.

Градоначалниците признаваат дека локалните власти само донекаде се одговорни за ваква лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, но сепак најголемиот товар паѓа на централната власт кој не обезбедила континуирано развивање на фискалната децентрализација во земјата.

Петре Шилегов, претседателот на ЗЕЛС смета дека проблемот со долговите постои уште пред да се воведе децентрализацијата.
“ЗЕЛС во 2005 година направи првична анализа на состојбата со долговите и осозна дека пред самиот почеток на децентрализацијата општините имаа долг од 51 милион евра, основен долг. Тоа е показател дека долговите настанале пред почетокот на процесот на децентрализацијата, а дел од истите потекнува и од период кога сме биле во состав на друга држава. Како што општините добиваа нови надлежности и обврски, така растеа и долговите. Министерството за финансии, неодамна излезе со податок дека вкупниот општински основен долг изнесува околу 100 милиони евра, а предвиде и помош за општините, во износ од приближно 50 милиона евра, кои ќе бидат неповратно дадени на општините и со кои треба да се намали долгот и отпишат каматите“, рече Шилегов, според кој треба да се размислува за сосема нов концепт на локалната самоуправа и за сосема нов концепт за финансирањето на локалната самоуправа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×