Ора њуз : Рама „ја врти главата“ кон Кина, бара укинување на визите и пазар за албански производи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Албанскиот премиер Еди Рама, по повод одблежувањето на 70-годишнината од воспоставувањето на билатерални односи со Народна Република Кина, побарал од својот кинески колега Ли Кечијанг укинување на визите меѓу двете земји.
edi-ramaНа средбата одржана на маргините на Самитot на земјите од Централна и Источна Европа и Кина – 16 + 1, што се одржува во Дубровник, Рама му рекол на премиерот Кечијанг дека заедничкото одложување на визите меѓу двете земји не само што ќе го зголеми бројот на кинеските туристи во Албанија, туку и ќе ја зголеми и трговската размена меѓу двете земји.
Рама, исто така, побарал од својот колега забрзување на процедурите кои ќе им овозможат влез на кинескиот пазар на некои албански производи.
Од своја страна, премиерот Ли Кечијанг го потврдил укинувањето на сите бариери за увозот на мед, вино и маслиново масло од албанско производство.
Исто така, ветил дека ќе преземе неопходни чекори за укинување на визите и взаемно признавање на универзитетските дипломи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×