Орав: Чудо е што лидерите воопшто почнаа да разговараат едни со други
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Се обидуваме да најдеме позитивни нешта пред да го затвориме извештајот за напредокот на Македонија, изјави ЕУ-амбасадорот Аиво Орав, кој заедно со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска учестуваше на прва пилот-дебата на тема „Европската унија треба да се прошири за да ги вклучи земјите од Западен Балкан“.  Крајниот рок, како што рече Орав, за затворање на извештајот е 31 август, а неделава, според неговата оценка, во Македонија се случиле неколку позитивни нешта:

„Ако нема ништо позитивно, не можеме вештачки да создадеме нешто. Во последните недели видовме неколку позитивни нешта. Како прво, претседателот го свика Советот за безбедност на кој сите политички партии беа застапени. Второ, протестите во текот на викендот беа мирни. Имаше доста ризици дека нема да бидат мирни, но беа мирни. Ви честитам. Лидерите почнаа да разговараат едни со други. Ова е безмалку чудо, не се случило во земјава со години. А денес има многу важен состанок во Стразбур меѓу премиерот и лидерот на опозицијата и искрено се надевам дека нешто позитивно ќе произлезе од тоа“, рече Орав.

Евроамбасадорот подвлече дека од Македонија, како од земја кандидат за членство во ЕУ, се очекува да реши проблемите во делот на селективната правда, борбата со корупцијата, медиумиските слободи.

„Тоа се сериозни проблеми, а тоа се и европски вредности. Македонија е кандидат и сакаме да биде совршено подготвена за членство, кога тој ден ќе дојде“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×