Орав: Партиите да сфатат дека патот кон ЕУ е поважен од партискиот рејтинг
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Неопходно е да се создадат услови опозицијата да се врати во парламентот, и таму да продолжи дебатата. ЕУ не може да им каже на партиите што да прават, за тоа треба сами да се договорат, а притоа мора да сфатат дека патот кон ЕУ за Македонија е поважен од нивниот партиски и политички рејтинг и да разберат дека не постојат совршени решенија. Компромисот не значи дека нешто не е добро“. Ова го истакна евроамбасадорот Аиво Орав на денешната пресконференција во која ги најави активностите за прославата за Денот на Европа, 9-ти мај.

Како што истакна Орав, неизвесно е кога ќе продолжат преговорите меѓу двата тима во Брисел, со цел надминување на политичката криза, оти партиите се уште на излегле со сериозни предлози за тоа како да се надмине политичката криза.

„Но Европската унија, морам да повторам, е сериозно загрижена за состојбата во Македонија’, посочи Орав.

Тој предупреди дека политичките партии немаат многу време и очекува во наредните денови и недели да има добри дела, а не само добри зборови.

„Брисел веќе го подготвува октомврискиот извштај за напредокот на Мкаедонија, па ако не биде постигнат напредок, Европската комисија ќе биде во тешка ситуација да одлучи дали повторно да препорача преговори“, изјави тој.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×