Орбан: Доброволно привремено ја суспендираме работата во ЕПП
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претседателот на ЕПП, Жезеф Дол на Твитер напиша дека Фидес е суспендирана од Европска народна партија.
European Parliament in StrasbourgУнгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доброволно се согласил привремено да го стопира учеството на својата партија Фидес во работата на Европска народна партија (ЕПП).
Тој тврди дека ЕПП се согласила да не ја исклучува или суспендира Фидес туку да и дозволи доброволно да учествува во работата на ЕПП додека независната комисија не го заврши прегледот на состојбата поврзана со владеење на правото во Унгарија.
„Фидес ќе биде суспендирана веднаш и до следно известување, по денешното гласање на членките на ЕПП“, напиша Дол.
Тој додаде дека Фидес е суспендирана со 190 гласа „за“ и три „против“.
Дол прецизираше дека суспензијата значи дека партијата на унгарскиот премиер нема да може повеќе да присуствува на партиските средби, нема да има право на глас ниту да предлага кандидати за функции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×