Орбан го спушта данокот на добивка на 9% и ќе биде најнизок во Европската унија
Објавено на од во Економија

Viktor-OrbánУнгарија од идната година ќе ја намали стапката на на данок на добивка на 9%, што ќе биде најниска стапка во цела Европска Унија.
“Следната година ќе биде воведена единствена и праведна стапка на данокот на добивка од 9% за малите и седните претпријатија, но и за големите компании”, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Моментално, компаниите во Унгарија со приходи пониски од 500 милиони форинти или 1,6 милијарди евра плаќаат данок на добивка од 10%, а компаниите со поголеми приходи плаќаат данок на добивка по стапка од 19%.

Одлуката за намалување на данокот на добивка е донесена вчера. “Благодарение на ниските даноци Унгарија ќе нуди најдобри фискални услови во Европската унија”, потенцира Орбан.

Моментално најниски стапки на данок на добивка меѓу земјите во ЕУ имаат Бугарија, Ирска и Кипар, додека во Македониа стапката на данок на добивка се плаќа по стапка од 10%.

Заради овие измени во буџетот на Унгарија за 2017 година се проектирани помали приходи од данокот на добивка, но тие ќе се покријат без проблем од резервниот фонд на државата.

Орбан исто така изјави дека планира да ја зголеми минималната плата во Унгарија која сега изнесува 360 евра. Според него, ниската минимална плата во Унгарија е причина заради која многу граѓани побарале работа во западно-европските земји, што во одделни сектори предизвикало драматичен недостиг од работна сила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×