„Ветувањата на Европската унија дека на Турција ќе ѝ даде пари и други отстапки во замена за спречување на бегалците да ја напуштат земјата се чиста илузија“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Покорно го молиме Ердоган за безбедност на нашите граници, во замена за пари и ветувања, бидејќи не можеме сами да си ги заштитиме границите“, истакна Орбан.
Ова се однесува на одобрувањето од страна на членките на ЕУ за фонд од три милијарди евра за Турција, за подобрување на условите за живот на бегалците на турска територија, за што Анкара вети дека ќе се погрижи помалку бегалци да тргнуваат кон Европа.
ЕУ смета на овој договор за да го запре приливот откако над милион бегалци се слејаа во Европа во 2015 година, најмногу од Блискиот исток или Азија, а преку Турција.