Орбан: Во ЕУ директно пристигнуваат половина милион бегалци по договор со Турција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската унија и Турција би можеле кон крајот на неделата да објават договор постигнат зад затворени врати, според кој меѓу 400 и 500 илјади сириски бегалци треба да бидат населени од Турција во ЕУ, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според него, ако ова се случи, битно ќе влијае на политичката клима во Европа. Орбан алудираше дека договорот го организирала Германија, а оти одредени членки на ЕУ, кои не би застанале зад ваквото решение, ќе бидат изложени на голем притисок да прифатат дел од овие половина милион бегалци.

„Европјаните можат да го очекуваат ова непријатно изненадување. Унгарија и другите земји од Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка) ќе бидат изложени на голем притисок. Еднаш кога околу тоа ќе се договорат одредени играчи, ние ќе мораме не само да ги доведеме тие луѓе во Европа, туку и меѓусебно да ги распределиме, и тоа како обврска, но, тоа нема да биде лесно, зашто ние тоа не можеме да го прифатиме“, рече Орбан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×