Орка Холдинг тврди дека не е сопственик на земјиштето на кое ќе се гради високатницата кај Мајчин Дом во Аеродром
Објавено на од во Компании

ОктаОткако изминативе два дена се појави силен револт кај граѓаните на Аеродром  заради отпочнувањето на градење на висококатница на зелената површина пред Мајчин Дом во Аеродром, со свое соопштение се јави и компанијата Орка Холдинг, која тврди дека ниту е, ниту пак, некогаш била сопственик на земјиштето на кое се гради. Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение на компанијата.
“Во пресрет на денешниот најавен протест со цел да се спречи градењето на оваа висококатница, ние како компанија чувствуваме должност да ги разјасниме шпекалуциите кои веќе подолг период постојат во јавноста околу сопственоста на земјиштето каде што е веќе започната изградба.

Најодговорно тврдиме дека споменатото земјиште не е, ниту некогаш било во сопственост на Орка Холдинг. Граѓаните беа сведоци на лажните изјави на тогашниот кандидат, а сега градоначалник на општина Аеродром Златко Марин во врска со наводната сопственост со споменатото земјиште. По наше предупредување со тужба за клевета сегашниот градоначалник јавно се извини за дадената лажна изјава.
Со оглед на фактот дека Орка Холдинг е компанија која своето работење го темели на силни вредности како грижа кон општеството и заедницата чувствуваме потреба и одговорност кон граѓаните уште еднаш јавно да го расветлиме овој случај”, се вели во соопштението од Орка Холдинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×