Животното осигурување со 20% раст во првите шест месеци
Објавено на од во луѓе и компании

tema-osiguruvanje WEB 01Осигурителниот пазар продолжува со позитивниот тренд

Кај неживотните, висок е растот на осигурувањето од општа одговорност и на приватното здравствено осигурување. Првото, веќе достигнува околу 3% од вкупното неживотно осигурување во Македонија, а второто има пораст од 1400% во првото полугодие од 2016-та.

Животното осигурување во Македонија продолжува со двоцифрените стапки на раст и годинава, односно во првите шест месеци брутополисираната премија – БПП на компаниите за животно осигурување изнесува вкупно 554,3 милиони денари, што е за цели 20% повеќе во однос на истиот период лани.

Според износот на БПП најголема компанија е Кроација, со 224,7 милиони денари, за 17,6% повеќе во однос на лани, а најголем раст покажува Винер, речиси двојно, односно 93,7%, на 87,5 милиони денари.

Кроација живот држи 40,5% од пазарниот колач во животното осигурување, пред Граве со 37,5%, додека Винер со високиот пораст на премијата го зголеми својот удел на 15,8%. Најмалиот играч на пазарот е Уника со 6% и БПП од 33,8 милиони денари. Инаку БПП на Граве е порасната за 5,15%, а на Уника за 23,7% во однос на првите шест месеци во 2015.

Благодарение на поагресивниот маркетиншки пристап на компаниите за животно осигурување, како и на активноста на брокерските друштва за осигурување, свеста за потребата од животно осигурување кај македонските граѓани расте од година во година, што го потврдуваат и извештаите на регулаторот на осигурителниот пазар, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Животното осигурување расте и во релативниот однос спрема вкупниот осигурителен пазар, па ако пред 7-8 години учествуваше со едвај 2-3% во вкупното осигурување во Македонија, во 2012 година е 8,5%, во 2013-та 10,2%, 2014  било 11,6%, а во  2015 се искачи на 13,3%, што ги надмина и очекувањата на учесниците на пазарот, кои што прогнозираа околу 12 – 12,5%. За првите шест месеци годинава, уделот на животното осигурување во вкупната БПП на сите осигурителни компании веќе е 14,1%, а со оваа динамика на раст до крајот на годинава се очекува да стигне и до 15%.

Постојаниот раст на премијата за животно осигурување изминативе години значи дека македонските граѓани пополека ја сфатија корисноста од полисата за животно осигурување. Сe’ повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици, велат од компаниите за животно осигурување. Пазарот за животно осигурување бележи двоцифрени стапки на раст од 2007 година па наваму. Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа реномирани европски осигурители што доведе до зголемена конкуренција, зголемена понуда на пазарот, а тоа секако води кон забрзан развој на овој сегмент од пазарот.

Триглав и понатаму лидер во неживотното, Кроациа со најголем раст

Во делот на неживотното осигурување, во првото полугодие годинава исто така се забележува пораст, но многу поскромен одошто кај животното, од само 2,12%. Неживотното осигурување забележува континуиран пораст последниве неколку години, но во 2016-та динамиката забавува. Во 2015 година, неживотното осигурување, односно БПП на сите осигурители заедно пораснала за 6,5%, а во 2014-та за 4,3%.

Пазарен лидер според висината на БПП останува Триглав, со 708,7 милиони денари за првите шест месеци, што е за 4,6% пораст. Пораст имаат и вториот  и третиот по големина осигурители, Македонија од 3,81% на 561,5 милиони денари и Винер од 10,7%, на 462,6 милиони денари.

Најголем пораст на БПП има Кроациа неживот, од 16% на 176,4 милиони денари, додека најголем пад на БПП во првото полугодие покажува Албсиг, од 18,1%. Пад во висината на БПП имаат и Еуролинк (-15,8%), Евроинс (-3,92%) и Инсиг (-1,12%).

Осигурувањето од автоодговорност  кај моторните возила, кое што е задолжително, останува убедливо со најголем удел во вкупната БПП кај неживотното осигурување, со 46%. Но, она што е добра вест, е трендот на намалување на овој удел во споредба со минатите години – на крајот од 2015-та овој удел изнесуваше 51,4%, додека во 2014-та беше 52,4%, а во 2013-та 52,3%.

Тоа значи дека уделите на другите видови неживотно осигурување имаат нагорен тренд, како што се на пример, имотните осигурувања, кои што  во вкупната БПП во првите шест месеци годинава учествуваат со  26.7%, додека на крајот од минатата година ова учество било 22,9%, 20,4% во 2014, 20,3% во 2013, итн.

Малку граѓани си го осигуруваат имотот

Но, сепак, како што истакнаа и од Здружението за осигурување при Стопанската комора пред неколку месеци, просторот за раст на незадолжителните осигурувања е с$ уште голем, односно сe’ уште мошне мал број граѓани свесно и доброволно се одлучуваат да го заштитат сето она за што макотрпно работеле со години. Само 1-2% е пенетрацијата  на домаќинско осигурување кај физички лица во Македонија Најчесто се осигурува  она за кое граѓаните и компаниите имаат законска обврска или пак осигурувањето претставува услов за склучување договор.

Од осигурителите  велат дека мора да се зголеми свесноста на граѓаните и компаниите за потребата од осигурување.
“Секојдневно сме сведоци на информации од информативните програми за уништени домови во пожари, а бројот на кражби од година во година расте. Сето тоа значи многу уништени домови и луѓе соочени со неочекувани, крајно сериозни проблеми, за кои што не се подготвени и за кои немаат решение. А, осигурувањето е токму тоа, потреба, решение и поддршка во моменти кога тоа ни е најмногу потребно, осигурувањето значи сигурна иднина. Наша обврска е да понудиме производи соодветни на пазарот и коишто клиентите можат да си ги дозволат и да ја разбиеме перцепцијата дека осигурувањето е скапо.“, изјави Ѓорѓе Војновиќ, генералниот директор на Триглав осигурување кога го консултиравме за специјалниот прилог на Капитал за осигурување пред неколку месеци.


Doctor in front of a group of peopleРасте интересот за приватното здравствено и осигурувањето од општа одговорност

Домашните компании до пред извесно време користеа осигурителни услуги кои што прилично долго години беа стандардна понуда од страна на осигурителите. Првенствено, поради слабиот интерес од страна на осигурувачите да понудат нови производи и истите да ги приближат до осигурениците.

Во последните неколку години оваа пракса прилично се менува, велат од осигурителната индустрија.  Соработката со странски реосигурувачи гипоттикнува домашните фирми  да ги следат глобалните трендови, а за оние што не се применливи за домашниот пазар, развиваат локални кои што ќе ги задоволат потребите на клиентите. Проширувањето на палетата на производи се должи и на промените на законската рамка, особено кај приватното здравствено осигурување, а во добар дел и кај осигурувањето од одговорност.

Како што покажуваат извештаите на АСО, во 2013 година, осигурувањето од општа одговорност било 160,8 милиони денари, во 2014 пораснало на 178,6 милиони, а во 2015-та на 192 милиони денари БПП. За првите шест месеци годинава тоа изнесува 116,8 милиони денари, додека истиот период лани било 106,9 милиони денари.

Расте и бројот на компании што на своите вработени им нудат приватно здравствено осигурување, па ако во 2013 година тоа изнесувало скромни 2,1 милиони денари, во 2014 расте на 4,66 милиони, за во 2015-та да достигне 6,4 милиони денари БПП. Во првите шест месеци годинава БПП во ова осигурување веќе е 36,15 милиони денари, што значи дека интересот за него расте со висока динамика.

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×