Османи: Дискурсот на Владата за деескалација на тензии недвосмислено е поддржан од меѓународната заедница
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По повод 25-годишнината од одбележувањето на светскиот Ден на слобода на медиумите, денеска, во Клубот на пратениците, Секретаријатот за европски прашања приреди пригоден појадок, на кој заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, уредници на медиуми и новинари имаа можност да разговараат на овогодинешната глобална тема, „Одржување на власта во проверка: медиуми, правда и владеење на правото”.

Вицепремиерот Османи рече дека сака овој начин на одбележување на 3 мај да стане традиција, а во воведното излагање ги доведе во врска денешниот Ден на слободата на изразувањето, со претстојниот Ден на Европа, 9 мај, како компатибилни и меѓусебно зависни во однос на вредностите што ги претставуваат.

Османи рече дека медиумите не се посебен систем во општеството, туку таков што ја покажува целокупната демократска кондиција на државата.

Вицепремиерот потенцираше дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е забележан најдобар резултат во регионот во три области, меѓу кои и во слободата на медиумите.

Рече дека оваа Влада наидува на голема поддршка од меѓународната заедница, со заземениот и покажан реформски курс, односно, како што рече, со наметнатиот „дискурс за деескалација на тензии“, при што ги спомена како внатрешните (тензии), на меѓуетнички и политички план, така и надворешните, преку Договорот за добрососедство со Бугарија и посветеноста на решавање на спорот за името со Грција.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×