Османи: ДУИ смета дека не е потребен референдум за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Според Демократската унија за интеграција, не е потребно граѓаните да се изјаснат на референдум за промена на името, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, потенцирајќи дека се работи за партиски став.

„Сметаме дека прашањето за името треба да се реши по принципот на договорот за добрососедство со Бугарија, со ратификација на договорот од страна на Македонија и на Грција“, рече Османи.

Вицепремиерот рече дека ставот на ДУИ се разликува од оној на СДСМ – дека за прашањето за името треба да биде распишан референдум, па оттука владината коалиција преговара со цел да изгради заеднички став на државно ниво.

За координативниот состанок на државно-политичкиот врв што се одржа викендов, Османи рече дека тука се покажал знак на инклузивност на сите политички фактори и очекува да се постине национален политички консензус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×