Османлискиот султан има 4.280 недвижнини на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На Балканот има 4.280 недвижнини на османлискиот султан Абдулахмид Втори од периодот 1869-1908, тврди директорот на турската Дирекција за катастарски работи, Зејнел Абидин Туркоглу.

Документите за 7.756 недвижнини на султанот на подрачјето на Анадолија, на Блискиот Исток и на Балканот, се чуваат во архивата на споменатата Дирекција.

Според Туркоглу, во архивата на Дирекцијата има три тефтери за активниот и пасивниот имот на султанот.

„Се работи за ниви, градини, имоти, конаци, мелници, рудници, деловен простор …“, изјави Туркоглу.

Во Грција се наоѓаат 2.843 од овие имоти, во Албанија 1.424, во Бугарија 8, а во Македонија 5 недвижнини.

По смртта на султанот во 1918 година, одреден број од неговите недвижнини му се доделени на турскиот државен трезор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×