Основачот и директор на Uber си поднесе оставка
Објавено на од во Компании
Петте најголеми инвеститори во фирмата нарекувана “убиец на такси компаниите“ побараа Тревис Каланик, ко-основач и извршен директор да се повлече
21UBER2-articleLarge

По заминувањето на главниот оперативен, маркетинг и финансиски директор, Uber остана и без извршен директор

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тревис Каланик, еден од основачите на Uber, вчера си поднел оставка на местото главен извршен директор во компанијата за алтернативен такси превоз, која што со негова помош стана главен конкурент на такси компаниите во речиси 600 градови низ цел свет.

Како што известуваат  американските медиуми  денес, оставката на Каланик доаѓа после неколкучасовниот драматичен состанок со неколкуте главни инвеститори во Uber, која што Каланик заедно со Герет Кемп ја основаше пред осум години. Пет големи инвеститори во писмо до акционерите насловено “Убер мора да оди напред“  побарале Каланик да се повлече веднаш од главната менаџерска функција, на што тој се согласил и сега останува само член на менаџерскиот борд на директори.

Притисоците врз Каланик почнаа уште пред извесно време, по бројните  скандали за сексуално вознемирување и дискриминација  што ја потресоа компанијата и доведоа до истраги и повеќе од 20 отпуштања.

“Го сакам Uber повеќе од се’ на светов и во овој тежок момент за мене лично, го прифатив барањето на инвеститорите да се повлечам за да може компанијата да продолжи со раст и развој наместо да се преокупира со непотребни проблеми“, изјави Каланик по повод оставката. Тој навел и дека неодамнешната загуба на неговата мајка, како и некои интерни проблеми во фирмата го навеле на овој чекор.

“Ми треба малку време за да се приберам, да поработам на себеси и да се фокусирам на лидерски тим од светска класа за оваа компанија“. По неговата оставка, на Uber сега му фалат и главен оперативен, маркетинг и финансиски директор, и уште неколку топ позиции што се испразнети откако периодов повеќе менаџери си поднесоа оставки.

Uber досега успеа да прибере 11 милијарди долари инвестиции, а најновата процена на вредноста на фирмата беше околу 70 милијарди долари. Меѓутоа, компанијата се’ уште не може да покаже профит во работењето, односно, минатата година ја заврши со 6,5 милијарди долари приход и 2,8 милијарди долари загуба. Според аналитичарите, ова е главната причина за незадоволството кај акционерите и главните инвеститори во фирмата, на што скандалите и наводната “токсична“ компаниска култура дојдоа само како капак.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×