Основан е голем светски антипиратски сојуз на издавачи
Објавено на од во lifestyle

Дури триесет големи светски компании од секторот за забава се здружија во Алијанса за креативност и забава (Alliance for Creativity and Entertainment, ACE) што би требало да фигурира како глобална коалиција посветена исклучиво на заштитата на авторските права и борбата против пиратеријата на интернет.

Членки на ACE се угледните медиумски куќи и издавачи како Netflix, HBO, BBC, MGM, Sony .. Како главна причина за основањето на Алијансата се наведува потребата од контрола на пиратеријата што претставува закана за растот на индустријата за забава во светот.

Иако моментално постојат над 480 онлајн услуги преку кои телевизиските содржини и филмовите можат легално да се гледаат, peer-to-peer мрежите и натаму цветаат.

Само лани се забележани околу 5,4 милијарди пиратски преземања на филмови и серии, односно 21,4 милијарди посети на пиратски стриминг страници.

ACE ќе соработува со органите на редот и со националните организации за заштита на авторски права, ќе поттикнува носење антипиратски закони, и ќе ги тужи илегалните дистрибутери.

Компании членки на ACE се: Amazon, AMC Networks, BBC Worldwide, Bell Canada and Bell Media, Canal+ Group, CBS Corporation, Constantin Film, Foxtel, Grupo Globo, HBO, Hulu, Lionsgate, Metro-Goldwyn-Mayer (MGM), Millennium Media, NBCUniversal, Netflix, Paramount Pictures, SF Studios, Sky, Sony Pictures Entertainment, Star India, Studio Babelsberg, STX Entertainment, Telemundo, Televisa, Twentieth Century Fox, Univision Communications Inc., Village Roadshow, The Walt Disney Company, Warner Bros. Entertainment Inc

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×