Основната каматна стапка останува 1,5%, ослободени 244 милиони евра расположливи за кредитирање од страна на банките
Објавено на од во МАГАЗИН

Glavna fotka mpНародната банка смета дека монетарната политика е доволно релаксирана

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината, велат од Комитетот за оперативна монетарна политика при НБРСМ.
По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, Народната банка одлучи таа да се задржи на нивото од 1,5%. Како што објаснуваат оттаму, во условите коишто произлегуваат од пандемијата на ковид-19 и мерките за спречување на ширењето на вирусот, кои неповолно влијаат и врз глобалната и врз домашната економија, а при солидно ниво на девизни резерви и отсуство на инфлациски притисоци, од почетокот на годината монетарната политика е релаксирана.
Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонело за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија.
Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика при НБРСМ беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, на седницата беше оценето дека е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари. Ова значи дека во април и мај за околу 244 милиони евра помалку биле понудени благајнички записи на деловните банки, што значи тој износ можат да го пласираат во вид на кредити на граѓаните и компаниите.
„На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на оваа година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти раст од 3,4% во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како и мерките кои беа преземени за спречување ширење на вирусот, во текот на март доведоа до влошување на деловната активност, видливо кај поголем дел од економските дејности. Гледано од расходната страна, ваквата состојба се одрази врз домашната побарувачка, која имаше помал позитивен придонес за растот на БДП, кој речиси во целост беше неутрализиран од негативниот придонес на нето извозот. Послабата домашна побарувачка во првиот квартал произлегува од малиот пад на бруто инвестициите, наспроти нивниот солиден раст во претходниот квартал, како и на забавувањето на растот на личната и јавната потрошувачка. Тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од оваа година се ограничени за поцелосно согледување на состојбите, но податоците за индустријата и трговијата за април упатуваат на понатамошни и понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност.“, велат од Народната банка.
Monetarna politika-3Нивото на девизни резерви во сигурната зона
Во однос на инфлациските движења, пак, ценовните промени во периодот април – мај засега се во согласност со проекцијата за вториот квартал, се вели во соопштението на Народната банка.
„Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата од 0% за оваа година, тековно се оценуваат како урамнотежени. Сепак, и понатаму постои голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со коронавирусот и времетраењето на пандемијата.“
Нивото на девизните резерви според централната банка се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје, главно се во согласност со очекувањата. Во текот на јуни месец, девизните резерви забележаа значаен раст од околу 600 милиони евра, што се должи на легнатите пари од задолжувањата што ги направи државата со цел надминување на економските последици од пандемијата (подетално објаснување околу девизните резерви подолу во рамка, н.з.).
Податоците од надворешниот сектор за второто тримесечје се ограничени, но од расположливите податоци членовите на Комитетот согледале поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на коронавирусот, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал.
Последните информации од надворешнотрговската размена за април 2020 година упатуваат на можност трговскиот дефицит да биде во согласност со очекувањата според проекцијата, иако периодот од еден месец е краток за донесување посигурни констатации во овој домен, велат од НБРСМ.
„Податоците за менувачкиот пазар заклучно со мај, засега укажуваат на можност нето приливите од приватните трансфери да бидат пониски од очекуваните за вториот квартал. Остварувањата кај билансот на плаќања во првиот квартал од оваа година упатуваат на дефицит во тековната сметка, којшто е во согласност со априлската проекција, а поголеми отстапувања во однос на проекцијата не се забележани ниту во финансиската сметка.“
Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината.
Ликвидноста на банките е солидна
Во изминатиот период, ликвидносна состојба на банкарскиот систем се задржала на релативно солидно ниво, што според Комитетот се потврдува и со ниската потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Дополнително, показателите за домашните финансиски пазари за мај упатуваат на умерено подобрени трендови на девизниот пазар, што може да упатува на постепено стабилизирање на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Во такви околности, во мај, Народната банка беше присутна на девизниот пазар со умерено пониски интервенции за продажба на девизи на месечна основа, од вкупно 53,7 милиони евра.
Во текот на минатиот месец, склоноста за преземање ризик од страна на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари се зголеми, што упатува на одредено враќање на оптимизмот. Имено, во многу странски економии, повторно беа отворени компаниите од повеќе дејности, а на глобално ниво е присутна и натамошна поддршка од страна на носителите на монетарните и фискалните политики. Следствено, беше забележан и нагорен тренд на берзанските индекси, зголемување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и стабилизирање на приносите на државните хартии од вредност издадени од САД.
„Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена на Народната банка. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму се присутни и изразени, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија, што влијае и на променливост во очекувањата. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно. “, заклучуваат од Народната банка.

 


Foto ramka1 mpМонетарните власти смируваат: девалвација нема да има!

За разлика од ситуацијата во 1997 г., кога се случи првата и засега единствена девалвација на денарот во самостојна Македонија, државата сега има највисоко ниво на девизни резерви од независноста наваму, стабилен и добро капитализиран банкарски систем, историски најниско ниво на каматни стапки, дефицит на тековната сметка и надворешен долг во зоната на умерено ниво, како и инструменти на располагање на Народната банка со коишто може да се гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен.
Шпекулациите за евентуална девалвација се многу опасни, како што оценува Народната банка, уште повеќе што дел од нив беа поврзувани со наводни оцени од страна на европските и светските финансиски институции за неизбежната потреба од девалвација, и тоа уште летово.
„Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен! Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите, како и пласирањето неточни или непроверени информации во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за македонската економија.“, соопштија од Народната банка.
Како аргументи во насока на оваа изјава за гарантирање на стабилноста на денарот, од НБРСМ рекоа дека девизните резерви се на соодветно високо ниво, што е најзначајна гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута. На крајот на април, тие изнесуваа 3 милијарди и 159,6 милиони евра и во однос на март бележат зголемување за 142,3 милиони евра. Нивното ниво е речиси двојно повисоко во однос на кризата во 2008 година.
Дополнително, Народната банка располага со низа инструменти со коишто гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Понатаму, во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви е и ќе остане адекватно и дека не се очекува на ниту еден начин да биде загрозена стабилноста на денарот.
Ниту од Народната банка, ниту од релевантните меѓународни институции не се очекува пораст на стапката на инфлација, односно не се очекува пораст на цените. Напротив – во услови на тековни инфлациски остварувања коишто се под очекуваните, како и при значителни надолни ревизии кај увозните цени поради шокот од пандемијата на ковид-19, особено на енергенсите, оцените упатуваат на стапка на инфлација од околу 0% за 2020 година.
Дефицитот на тековната сметка е на умерено ниво и според проекциите тој и натаму ќе биде на умерено ниво, а надворешниот долг останува во зоната нa умерено ниво, при негово намалување минатата година.
Банкарскиот систем е стабилен и според сите показатели е подготвен не само да се справи со шокот од ковид-19, туку и натаму, континуирано да испорачува кредитна поддршка за македонската економија и да придонесе таа полесно и побрзо да се справи со предизвиците од корона-кризата, објаснија од Народната банка.

Фото рамка2 mpКонверзијата на девизните резерви во денари не значи печатење на пари

Конверзијата на девизите во домашна валута, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица, објаснуваат од Народната банка. Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, која ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата.
По појавата на недоумици во јавноста околу тоа што значи зголемувањето на девизните резерви за 600 милиони евра во јуни месец, за само 15 – тина дена, односно дали се тоа парите легнати од задолжувањата што ги направи државава со цел справување со економските последици од пандемијата, како и во врска со прашањата дали конверзијата на тие девизи во денари би значело “печатење на пари“, НБРСМ одговори со официјално соопштение. Во него се вели дека девизните средства на државата, вклучително и средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно со меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви. Како дел од девизните резерви, овие средства претставуваат дополнителна поддршка за носителите на монетарната политика во одржување на стабилноста во економијата.
„Секако, државата слободно располага со овие средства и во зависност од потребите за финансирање, како и досега, тие може да се користат за отплата на долг кон странство кој достасува во следниот период, други редовни плаќања на државата кон странство, како и за финансирање на буџетските расходи во домашната економија во домашна валута.“, објаснуваат од Народната банка.
Конверзијата на девизите во домашна валута, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица, дополнуваат од централната банка.
„Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, која ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата. Притоа, нивото на девизните резерви останува непроменето (бидејќи државата ѝ ги продава девизите на Народната банка), и самата трансакција не значи ‘печатење на пари’.“

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×