Оставка на советникот на безбедност во Белата куќа 24 дена по стапувањето на должност
Објавено на од во Профил

TRUMPСомневањата за руски врски на Трамп остануваат и по заминувањето на Флин

„Прашањето не е само дека еден претставник на администрацијата бил фатен во лага. Прашањето е што лажгото е советник на претседателот за национална безбедност. Ова ги прави нештата многу посериозни“,изјави конгресменот Адам Шиф – најважниот демократ во комисијата за прашањата на разузнавањето на Претставничкиот дом на САД

 

Прашањата за врските на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија тешко дека ќе престанат со оставката на советникот за национална безбедност Мајкл Флин. Во тек се истраги, веројатно ќе има и нови, како од страна на администрацијата, така и од Конгресот.

Американските служби, вклучително и ФБИ, ги истражуваа наводите за руско мешање во претседателските избори во 2016 година. А три комисии во Конгресот продолжуваат сопствени истраги, што вклучуваат и преглед на врските меѓу руски официјални лица и членови на предизборната кампања и на администрацијата на Трамп.

Ова не е прв случај во кој Трамп се дистанцира од свој советник по повод врски со Москва. На крајот на август Пол Манафорт поднесе оставка како шеф на кампањата на Трамп откако Асошиејтед прес објави дека негова компанија тајно лобирала во името на поранешната проруска политичка партија во Украина.

Њујорк тајмс деновиве објави дека луѓе од кампањата на Трамп, вклучително и Манафорт, многукратно контактирале со официјални лица од руското разузнавање во годината пред претседателските избори во САД. Во САД знаеле за овие контакти од референци за спроведените телефонски разговори и од записи на прислушувани разговори.

За Асошиејтед прес Манафорт изјави дека не бил на распит во ФБИ за овие наводни контакти.

„Никогаш не сум зборувал со луѓе, знаејќи дека тие се претставници на руското разузнавање, и никогаш не сум имал ништо со руската Влада, ниту со администрацијата на Путин или со што и да е што се проблематизира и истражува денеска“, рече Манафорт.

Официјални лица кои анонимно разговарале со новинари на Њујорк тајмс, изјавиле дека тие сѐ уште не виделе никакви докази за соработка на кампањата на Трамп со Русија во смисла на хакерството или другите обиди да се влијае на американските избори.

Личните врски на Трамп со Русија, исто така создадоа прашања во светлината на неговиот пријателски однос кон дамнешниот противник на САД и на неволноста да го критикува претседателот Владимир Путин, дури и по прашањето за руската анексија на Крим.

„Овде не станува збор само за промена на политиката кон Русија, како што администрацијата сака да ги претстави работите, туку за она што стои зад таа промена“, изјави конгресменот од Калифорнија, Адам Шиф – најважниот демократ во комисијата за прашањата на разузнавањето на Претставничкиот дом на САД. Според Шиф остануваат отворени куп прашања за врските на кампањата на Трамп со Русија, и дали некој ѝ помогнал на Москва во нејзиното хакерство.

„Прашањето не е само дека еден претставник на администрацијата бил фатен во лага. Прашањето е што лажгото е советник на претседателот за национална безбедност. Ова ги прави нештата многу посериозни“, потцртува Шиф.

Според администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, Русија се вмешала во изборите во 2016 година со цел да го помогне изборот на Трамп. Самиот Трамп призна дека Русија ги хакирала меиловите на Демократската партија, но одрекува оти тоа му помогнало да победи на изборите.

Овие истраги и многу невообичаеното заминување на советникот за национална безбедност по само 24 дена на функцијата ги поставија републиканците во неблагодарната положба да го ставаат под прашање лидерството во нивната партија. Високо поставени конгресмени републиканци продолжуваат да ги отфрлаат барањата на демократите за создавање независна комисија за „руските“ истраги. Конгресните истраги се во рацете на претседатели републиканци, а истрагите од страна на извршната власт, исто така, се под надзор на луѓе назначени од Трамп.

Во вторникот републиканските лидери акцентот го ставија на аргументот дека Флин му премолчил на потпретседателот Мајк Пенс информации за суштината на контактите со рускиот амбасадор, а воопшто не го поставија прашањето за односите меѓу Флин и амбасадорот. Демократите велат дека клучно прашање тука е дали Флин го нарушил демократскиот протокол, а потенцијално и законот, разговарајќи за американските санкции со Москва пред Трамп да стапи на должност. Министерството за правда ја предупреди Белата куќа на крајот на минатиот месец дека Флин може да е под ризик да биде уценуван поради противречноста меѓу начинот на кој тој јавно ги претставува разговорите со рускиот амбасадор, и она што разузнавачите го знаат за тие разговори.

„Не може еден советник за национална безбедност да ги мами потпретседателот и останатите“, изјави претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Пол Рајан.

Поранешниот главен истражител на сенатската комисија во однос на разузнавањето, Даниел Џоунс, вели дека е важно Конгресот да ги проучи врските на Флин со Русија, и тоа така што тоа да не попречи на пошироката истрага за мешањето на Русија во изборите во 2016 година.

„Ова е прашање на правилен баланс меѓу властите и не треба да се претвора во политичко прашање“, посочи Џоунс.

Од друга страна, конгресменот од Калифорнија, Девин Нунес, кој е претседател на комисијата во Претставничкиот дом што се занимава со прашањата поврзани со разузнавањето, вели дека правата на Флин биле нарушени со прислушувањето на неговите разговори со рускиот амбасадор.

„Јас сум шокиран што никој не обрнува внимание на вистинскиот престап овде“, изјави Нунес, дополнувајќи дека телефонски разговор на американски граѓанин е пресретнат, а потоа записот „истекува“ во јавноста, во медиумите.

ФБИ има широки овластувања да прислушува разговори на објектите на странското разузнавање, вклучително и дипломати, на територијата на САД.

Во писмото со оставката Флин одрекува дека направил нешто погрешно, туку само посочува оти поради невнимание дал непотполна информација на потпретседателот и на останатите во однос на телефонските разговори со рускиот амбасадор.

Сенаторот демократ од Орегон, Рон Вајдн, член на комисијата што веќе ја истражува вмешаноста на Русија во изборите 2016 година, смета дека оставката на Флин отвора и други прашања. На пример, вели тој, остануваат без одговор прашањата колку разговори тој фактички имал со Русите и дали други луѓе знаеле за нив.

Претседателот на споменатата комисија, сенаторот од Северна Каролина, Ричард Бар, изјави дека голем дел од истрагите (на комисијата) ќе се случуваат зад затворени врати, но Вајдн вели дека ќе настојува сослушувањата и констатациите да станат јавни.

Републиканецот Линдзи Грем, кој е на чело на истрагите на сенатската судско-правна поткомисија за мешањето на Русија во изборите во 2016, исто така ги дели стравувањата на Вајдн за тоа дали Флин дејствувал на своја рака, без дадени насоки. Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, рече дека Трамп не му давал инструкции на Флин да ги разгледува американските санкции со Русите. „Не, апсолутно не“, подвлече Спајсер.

„Мислам дека повеќето Американци имаат право да знаат дали ова била самостојна активност на Флин, или тој зборувал во името на некој друг од Белата куќа“, изјави Грем.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×