Остри пораки од Дачиќ кон ЕУ на Бледскиот форум
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Назначувањето на Метју Палмер за специјален претставник на САД на Балканот е показател дека САД сакаат да бидат појасно присутни во нашиот регион, вели српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
дацицНа почетокот на панелот, на прашањето што очекува од Палмер, тој рече дека неговиот мандат веројатно ќе биде сè додека Србија не влезе во ЕУ и дека очекува мандатот на Палмер да трае сè додека не се решат односите меѓу Белград и Приштина.
Тој, исто така, рече дека Србија ја поддржува визната либерализација за Косово, како и отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија.
На прашањето што очекува од идната Европска комисија (ЕК), Дачиќ рече дека очекува „да не не’ лажат“.
„Да ни кажат дали ќе влеземе или нема да влеземе во ЕУ. Во октомври годинава, Франција ќе бара одлуката на Европскиот совет да биде донесена во насока дека нема да има ново проширување додека не се реформира Унијата“ – рече Дачиќ.
Тој, исто така, праша „што ЕУ треба да ни понуди сега“?
„Северна Македонија и Грција постигнаа договор и што ? Заедничко претседателство со Бугарија во Берлинскиот процес. Што ќе добијат Белград и Приштина ако постигнат договор?“ праша Дачиќ.
Тој изјави дека „приказната за ЕУ стана бајка“.
„Тоа е далечна иднина, а нам ни треба блиска иднина. Што значи идејата за европеизација денес во ЕУ, што значи демократизација, што е поделбата на одговорностите и дали се државите членки на ЕУ идеали за демократија и европски вредности? Верувам дека сите го знаете одговорот, но нема да го кажете“ – рече Дачиќ.
Како што рече, „ние сакаме чисти односи и сметки“.
„Не третираат како дете на кое му велите – кога ќе пораснеш че добиеш нешто. Растевме, а наскоро и ќе умреме чекајќи ја ЕУ. Мислам дека оној што ги започна преговорите во Турција веројатно почина“ – истакна Дачиќ.
Новоназначениот американски претставник на Балканот, Метју Палмер, зборуваше и на панелот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан, кој рече дека со неговото назначување Вашингтон покажал одговорност за барањата што ги имал од Балканот, но и Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×