Остриот пад на крипто-валутите избриша 13 милијарди долари од нивната вкупна капитализација
Објавено на од во Економија

Биткоин изгуби скоро 9% од својата вредност за еден ден и други водечки валути обезвреднуваат за 10 до 20%.

bitkoin krash

Сите големи дигитални валути се обезвреднуваат за 10 до 20%, бришејќи 13 милијарди долари од пазарната капитализација на секторот. Падот на цените започна во неделата попладне, пред да се случи значителен скок во саботата. Како резултат на тоа, повеќето валути се вратија на нивото од почетокот на минатата недела.

Биткоин, на пример, ја изгуби вредноста за скоро 9% по вчерашниот пораст достигна цена од 4.190 долари (што е највисока од 1 декември 2018 година). Сега водечката дигитална валута се тргува за околу 3.800 долари.

На Ethereum, ситуацијата беше слична – тримесечно високо ниво од 164,5 $ беше постигнато во неделата, проследено со драстичен пад од скоро 18% на околу 138 долари.

Најголем процент е падот на цената на ЕОЅ – над 19,8% до 3,6 долари. Сепак, дигиталната монета останува четврта по големина пазар по Биткоин, Етереум и Рипл. Вторите губат 11% од својата вредност и се продаваат за 0,3 долари. Двоцифреното опаѓање исто така го одбележуваат Litecoin, Bitcoin Cash, Stellar и TRON.

Која е причината

За разлика од претходно, вакво паѓање на криптопазарите што се случи по неколкуте претходни негативни мислења на американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC), сега нема јасни причини. Што пак покренува сомневања за циклусоот контролиран од големите играчи. Според сајтот Crypto Briefing зголемената пазарна активност во последните недели може да e создадена од алгоритми или “ботови”, кои се користат од страна на некои берзи и би можеле вештачки да ги зголемат цените на дигиталните валути. Кога монетите достигнат одредена цена, алгоритми се исклучуваат и почнуваат распродажби со цел генерирање на добивка. Слични компјутерски програми веќе се масовни на традиционалните пазари на капитал и често се причина за остри падови или зголемувања на цените на финансиските средства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×