Осум луѓе поседуваат имот кoлку и половина од светската популација?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Осум лица ја поседуваат истата вредност на имот како и половина од светската популација и ова ниво на нееднаквост „може да ги разори нашите општества“, предупредува британската хуманитарна организација „Оксфам“ во пресрет на годинешниот бизнис собир во Давос.

„Оксфам“ наведе дека податоците се добиени од доверливи извори и дека разликата меѓу богатите и сиромашните е многу поголема отколку што тие стравувале.

Бен Саутвуд, главен истражувач на Институтот „Адам Смит“, вели дека не е важно богатството кое одредени луѓе го поседуваат, туку благосостојбата на сиромашните, која е се полоша секоја наредна година.

Како што наведува Би-Би-Си, соопштението на „Оксфам“ се поклопи со почетокот на Светскиот економски форум во Давос, на кој учествува врвот на светската политичка и бизнис елита.

Кети Врајт, шефица за надворешни работи во „Оксфам“ изјави дека нивниот извештај помогнал да се предизвикаат политичките и економските елити.

На листата на најбогати луѓе во светот на „Форбс“ од март 2016 година, се наоѓаат осум лица, а прв е Бил Гејтс:

1. Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ – 75 милијарди долари

2. Амансио Ортега, основач на „Зара“ и сопственик на „Индитекс“ – 67 милијарди долари

3. Ворен Бафет, најголем акционер во „Беркшир Хатавеј“ – 60.8 милијарди долари

4. Карлос Слим, сопственик на групацијата „Карсо“ – 50 милијарди долари

5. Џеф Безос, основач на „Амазон“ – 45.2 милијарди долари

6. Марк Закерберг, коосновач на „Фејсбук“ – 44.6 милијарди долари

7. Лери Елисон, коосновач на компанијата „Оракл“ – 43.6 милијарди долари

8. Мајкл Блумберг, сопственик на „Блумберг ЛП“ – 40 милијарди долари

„Оксфам“ се залага за похумана економија и апелира до владите во светот за воведување поголеми даноци за побогатите и за намалување на платите и даночните олеснувања на директорите. Според организацијата, деловните лидери треба да плаќаат чесен дел од данокот и затоа ги повикауваат компаниите на вработените да им плаќаат доволно за да можат да си ги покријат сите животни трошоци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×