Осум македонски компании со одобрение за овластен економски оператор
Објавено на од во Економија
Европа АД, Фершпед, Дреклсмаер, Игм Трејд, Дени Интернационал, Шенкер Шпедиција, Беташпед и Викторија Шпед се осумте компании кои имаат добиено овластување за Овластен економски оператор (ОЕО)
ОЕО
Во меѓународната трговија, организациите не се мерат само преку нивниот годишен профит, туку, исто така, и според начинот како ги извршуваат нивните активности. Добивањето на статус на ОЕО потврдува и докажува дека компанијата ги извршува нејзините активности во согласност со правилата и препораките што се релевантни за ефикасноста и безбедноста на нејзините операции. OEO компанијата нуди низа поволности како што се: намалени трошоци за трговски трансакции, приоритет при минување на граница, подобро управување и помалку контроли, меѓународно признавање и поголема вклученост во меѓународните трговски синџири.
Стекнувањето на статусот овластен економски оператор претставува сертифицирање на трговското друштво, како сигурен и безбеден партнер на Царинската управа и сигурен и безбеден партнер во меѓународниот и регионалниот синџир на снабдување.
Заради наведеното ние, како Царинска управа постојано организираме настани насочени кон запознавање на деловната заедница со концептот на ОЕО и ги охрабруваме македонските компании да се здобијат со статус на Овластен економски оператор, со цел да можат да се вклучат во регионалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да ги искористат придобивките и поволностите со можноста за заемно признавање на одобрениот статус што ни претстои. Штом ќе станете ОЕО, во меѓународната заедница ќе бидете препознатливи како кредибилен бизнис партнер.
До моментов издадени се седум Одобренија за Овластен економски оператор. Во рамки на спроведувањето на Програмата за ОЕО уште 8 економски оператори се во фаза на добивање на одобрение.
Со ова вкупно 40% од вкупното надворешно-трговско работење во Република Северна Македонија ќе се врши од страна на економски оператори што се ОЕО.
Царинската управа во соработка со Министерството за финансии постојано работи на промовирање на концептот за ОЕО. Неодамна со Република Србија е потпишан договор за меѓусебно признавање на ОЕО помеѓу двете држави што треба да придонесе за полесно движење на стоките помеѓу двете држави и намалување на трошоците за извоз и увоз. Истовремено ова заедничко признавање треба да придонесе за зголемување на безбедноста и контролата на стоките. Сите овие процеси се дел од активностите на Повеќегодишниот акциски план за Регионална економска област и поголема регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×