Осум министри во Бразил под истрага поради корупција, по наредба на Врховен суд
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бразилскиот Врховен суд најави истрага за корупција на осум министри и десетици политичари, опфаќајќи така скоро третина од кабинетот на претседателот Мишел Темер (што ја наследи отстранетата од позицијата Дилма Русеф, по импичментот) и многу негови сојузници.

Истрагата ќе се води против вкупно 108 лица, што е резултат на истражни дејства поврзани со 74 сведочења и договори со обвинителството на поранешни и сегашни директори на Одербрехт, бразилскиот конгломерат во градежништвото, кој е во центарот на скандалот со давање мито за добивање договори.

Листата со имињата на луѓето опфатени со истрагата вчеравечер беше објавена на интернет страницата на бразилскиот Врховен суд. Тука е шефот на кабинетот на претседателот, Елисеу Падиља, портпаролот на Парламентот, Родриго Маја, претседателот на Сенатот, Еунцио Оливеира, како и министрите за надворешни работи, за земјоделство и трговија, и лидерите на двете најголеми партии во коалицијата на Темер.

Врховниот суд до пониските судови испратил барања да се утврди дали има елементи за истрага за уште 201 лице, меѓу кои се трите претходни претседатели, Дилма Русеф, Луиз Игнасио Лула да Силва и Фернардо Енрике Кардосо, како и повеќе гувернери.

Истрагата за мито и за надуени цени на договорот на Одребрехт и на нафтената компанија Петробрас стана најголема истрага за корупција во историјата на Бразил, а нејзиното влијание се чувствува во целиот регион.

Одербрехт призна дека дал скоро 800 милиони долари мито ширум Латинска Америка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×