Освен Talking Tom, и биткоинот е заслужен за некои од најбогатите Словенци
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

И оваа година на листата најбогати Словенци што ја прави словенечки Manager на првото место се Иза и Само Логин, сопружниците кои се основачи на компанијата Outfit7, а се збогатија на франшизата од игрите Talking Tom and Friends. Тие лани компанијата ја продадоа на кинески инвеститори за околу милијарда долари, па, како дотогаш мнозински сопственици, добија прилично голема сума пари. Сопружниците Логин годинава во однос на богатството се проценети на 689 милиони евра.

По нив е Санди Чешко (Студио Модерна) со 300 милиони. На трето место на листата се наоѓа поранешен партнер на Иза и Само Логин од Outfit7, Марко Пистотник, со 210 милиони евра богатство.

Освен нив, во првите 10 најбогати Словенци на листата на Manager влегоа големите изненадувања од светот на криптовалутите. Имено, на 6 и 8 место се Дамијан Мерлак (со 122 милиони евра) и Нејц Кодрич (со 112 милиони) – тие се основачи на познатата менувачница за криптовалути, Bitstamp. Нивното искачување на листата е резултат на растот на вредноста на биткоинот годинава, како и на сѐ поголемата популарноста на тргувањето со криптовалути во светот.

Седми на листата на Manager е Игор Акрапович (113 милиони евра), сопственикот на компанијата што произведува престижни издувни системи за авто и мото индустријата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×