(Видео) Откако се најде во Панамските документи, на премиерот на Исланд ќе му се гласа недоверба
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Исланд Сигмундур Давид Гунлогсон се најде под силен притисок да поднесе оставка, откако во т. Панамски документи беше објавено дека тој и неговата сопруга се поврзани со офшор компании.

Исланд премиер

Сигмундур Давид Гунлогсон, премиер на Исланд

На списокот на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој на основ на досиеа кои поротекоа од панамската фирма “Mosak Fonseka” спроведе истрага за офшор работењето на светската елита се најде и премиерот на исланд. За премиеорт на Исланд се наведува дека во 2007 година на Британските девствени острови основал офшор компанијата “Wintris”, заради сокривање на неколку милиони долара во текот на финсиската криза на Исланд.
Опозицијата во Исланд вече побара гласање на недоверба во парламентот кое веројатно ќе биде одржано уште неделава.

Повеќе од 16.000 граѓани, веќе ја имаат потпишано петицијата со која се бара оставка од премиерот, а најавени се и протести пред зградата на Владата.
Гунлогсон ги отфрли сите тврдења од панамските документи, нарекувајќи ги лов на вештерки против него и неговата сопруга.
“Gardian” објави дека премиерот на Исланд Гунлогсон се јавува како ко-сопственик на офшор фирмата “Wintris Inc” која, пак, е сопственик на акции вредни 4 милијарди долари во три банки на Исланд, кој колабираа во текот на финансиската криза во 2008 година.

Денес во јавноста се појави видео во кое тој за време на интервју кое го дал во март за шведската телевизија SVT на прашање на новинарот дали е сопственик на офшор фирми нервозно станува и си заминува од интервјуто.”Ме прашувате глупости. Ме измамивте и ме убедивте на ова интервју со сосема лажни намери”, одговара Гунлогсон на новинарот и го напушта интервјуто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×