Oтворен новиот продажен салон, инженеринг и сервисен центар на Eнергија доо
Објавено на од во Компании
ЕНЕРГИЈА продолжи да ја шири својата продажна мрежа во Скопје, а овој пат на ред беше нов продажен салон во населба Визбегово на површина од 1400 м².
energijaПо продажниот дел,следи и сервисен дел, кој исто така е опремен по стандардите на компанијата што е и воедно единствениот центар во Македонија за топлински пумпи, чилери, VRF/Multiсистеми и инвертер клима уреди. ЕНЕРГИЈА доо е единствен официјален дистрибутер на светските лидери за климатизација TOSHIBA,CARRIERи HAIERза Македонија.

Ова е втор продажен салон на компанијата, кој е комплетно опремен со сервисен центар за TOSHIBA, CARRIER, HAIER сo 4 сервисни станици за испитување на системи, има можност за симулација на работа на чилери/топлински пумпи, инвертер клима уреди, VRF системи и е единствен сертифициран сервис за TOSHIBA,CARRIER и HAIER за Македонија. Компанијата располага со стручни лица/машински инженери кои го советуваат секој корисник според индивидуалните потреби при набавка на опрема за разни решенија.

На свеченото отворање и забавата приредена од сопствениците на компанијата, присуствуваа голем дел од нивните соработници, клиенти, пријатели и семејствата. Соптвеницте заедно со претставници од најголемите компании со кои соработуваат како Кристијан Фитц претставник на Toshiba и одговорен за Југоисточна Европа, Григорис Констас претставник на Carrierза Југоисточна Европа и Ивица Станковиќ одговорен за Haier во Јадранскиот регион, ги поздравија гостите и им се заблагодарија за довербата, лојалноста и поддршката во секое поле од работењето сите овие 14 години од нивното постоење. Во одлично расположение за коешто се погрижи бендот SouthParkсите присутни го прославија почетокот на оваа нова етапа на ЕНЕРГИЈА доо.
ЕНЕРГИЈА доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност, компанија која се води од потребите на клиентите. Располага со опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и),топлински пумпи, вентилаторски конвектори (fancoil), клима комори, клима уреди итн. Дејноста на компанијата опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×