Отворен новиот салон на „Божиновски часовници и накит“ во Skopje City Mall
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со отворањето на новиот продажен салон на „Божиновски часовници и накит“ понудата на Skopje City Mall се збогатува со голем број нови престижни брендови како Omega, Breitling, Montblanc, Longines, Hamilton, Tissot , Ititoli, Calvin Klein, Swatch, FlikFlak и Troika; сите со уникатна и незаменлива приказна, но идеално и хармонично вклопени во приказната на „Божиновски часовници и накит“

„Во последно време кога и да погледнев во мојот часовник стрелките ми покажуваа во правец на Skopje City Mall, зборувајќи ми дека е време приказната за „Божиновски часовници и накит“ да ја претставиме пред посетителите на овој трговски центар, како добар почеток на бројните предизвици пред кој е исправена нашата компанија во периодот кој следи. Не се ни посомневав дека веднаш треба да ги послушам, затоа што кога пак ќе ги вратам стрелките назад во изминатите 20 години од појавувањето на уникатниот Swatch во Македонија во 1997 година, па сѐ до неодамнешниот успех кога како компанија станавме овластен застапник и дистрибутер на престижните часовници Omega, тие секогаш ми ја покажувале вистинската насока кон која нашата компанија треба да се движи“, изјави сопственикот и генерален менаџер на „Божиновски часовници и накит“,Игор Божиновски. 18492406_10210491379973152_1096042786_n

Како што истакна Божиновски отворањето на новиот продажен салон е дел од еден поголем инвестициски циклус кој компанијата ќе го реализира во наредниот период и во тој процес, како што вели, најважно е да ја задржат и надоградат врвната услуга по која брeндот е препознатлив изминатите 20 години.

„За реализирање на секој нов предизвик секогаш е потребно време, а ние како компанија која е во бизнисот со часовници најдобро го знаеме тоа. Не може истовремено да бидеш и перфекционист и брзоплет. Токму поради тоа никогаш не правиме ниту еден нов чекор доколку не сме сигурни дека истиот ќе биде на едно скалило повисоко од нивото кое сме го постигнале изминатите 20 години, на тој начин успешно заобиколувајќи ја замката на просечноста во која брзоплетоста може да ве вовлече“, вели Игор Божиновски.

Божиновски е македонски бренд и компанија која постои повеќе од 20 години и ексклузивно соработува со брендови кои ги поставуваат врвните стандарди во часовничарството.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×