Отворен новиот центар за Јагуар и Ленд Ровер во Скопје
Објавено на од во lifestyle

Синоќа со авангардна музичко-сценска изведба официјално беше отворен новиот ексклузивен центар за Jагуар и Ленд Ровер во Скопје. Новиот објект е лоциран на улица Скупи и веќе од денес е подготвен да ги услужи како постојните сопствениците на Јагуар и Ленд Ровер, така и новите клиенти заинтересирани за британските премиум автомобили.

IZ4A9858 (2)

Врвниот квалитет и иновативноста во комбинација со легендарниот британски дизајн и креативниот инженеринг се белезите по кои е препознатлив овој бренд. Софистицираноста и беспрекорноста се главните карактеристики на новиот продажен салон, кој е дизајниран според сите стандарди на Јагуар и Ленд Ровер. Тоа што посетителите можат да го видат во скопскиот салон е идентично со кој било ваков овластен центар секаде во светот. Новиот центар за Јагуар и Ленд Ровер опфаќа 680 м2 и истиот се состои од изложбено-продажен простор за нови автомобили, како и дел за сертифицирани користени возила. Воедно, новиот објект нуди и единствени, овластени од производителот на Јагуар и Ленд Ровер, постпродажни и сервисни услуги.

j

„Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Јагуар и Ленд Ровер. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Јагуар и Ленд Ровер, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење”, изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“, Кочо Бураку.

На свеченото отворање говор одржа и Антон Талпа, регионален менаџер за продажба на Јагуар и Ленд Ровер, задолжен за европскиот регион. Тој накратко ги запозна присутните со глобалната експанзија на овој британски производител.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×